Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ДОНЕСЕНА ПРВА ПРЕСУДА ВО РМ ПО КОЈА СЕ УТВРДУВА ДИСКРИМИНАЦИЈА ПО ОСНОВ НА ЛИЧЕН СТАТУС- БРЕМЕНОСТ

Македонското здружение на млади правници – МЗМП информира  дека Основниот суд Скопје II Скопје, на 03.03.2016 година донесе пресуда со која утвдри дискриминација и нееднаков третман по основ на личен статус, семејна и брачна состојба односно бременост со прекинување на работниот однос. Во конкретниот случај на тужителката, откако останала бремена, тужениот не го продолжил договорот за работа на определено време и донел решение за престанок на работниот однос. Судот утврдил дека тужениот имал однесување кај кое постои намера да се дискриминира тужителката поради бременоста. Според судот доколку тужителката не била бремена, со неа тужениот, како и претходно  ќе склучел Анекс договор за вработување и таа се уште би била во работен однос кај тужениот.

Ваквата одлука на судот е од особено значење бидејќи за прв пат во Република Македонија е утврдена дискриминација по основ на бременост, како и поради фактот што во последната година во МЗМП беа пријавени поголем број на случаи на бремени жени кои откако го известиле работодавецот за својата состојба, не им бил продолжен договорот склучен на определено работно време. Судот определил надомест на нематеријална штета.

Судот во пресудата се повикува на член 14 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи,  Протоколот 12 кон Конвенцијата и Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Постапката ја поддржа МЗМП во рамки на проектот „Заштита на човековите права на маргинализираните групи во Република Македонија“. Постапката ја води Адвокат Софија Бојковска од Скопје.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.