Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
Untitled design 11

Оглас за 2 (две) експертски позиции за подготовка на подзаконски акти

open society MYLA logo horizontal cyrilic color

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот „Акција за унапредена правна и институционална заштита на водите“ финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество-Македонија, спроведува постапка за ангажирање на 2 (два) експерти за подготовка на подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за водите.

  1. Опис на проектот

Проектот „Акција за унапредена правна и институционална заштита на водите“го спроведува Македонското здружение на млади правници во соработка и поддршка со Министерството за животна средина и просторно планирање, а е финансиски поддржан од Фондација Отворено општество-Македонија. Проектот цели кон зајакнување на правната и институционалната рамка за управувањето и заштитата на водите преку (1) унапредување на подзаконските акти кои произлегуваат од Законот за водите; (2) поддршка на внатрешната организација и работа на Секторот за води во рамки на Министерството за животна средина и просторно планирање и (3) граѓаните се информирани за зголемена заштита на водите преку ново воспоставените правила

2. Делокруг на работа

Ангажманот во рамки на проектот предвидува изработка на 2 (два) подзаконски акти за мониторинг на водата која се користи за наводнување од членот 151 и за мониторинг на водата од одводнување на земјиштата од членот 152 од Законот за водите. Подзаконските акти треба да ги утврдат техничките услови, начинот и постапката за мерење на водата за наводнување, односно одводнување. 

Целта на активноста е применување на инклузивен пристап при изготвување на подзаконските акти кои треба да доведеат до унифицирана и стандардизирана практика при мерење на количеството на вода, унифициран начин на водење на евиденцијата и доставување на податоците до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Заради остварување на вака поставените цели, ангажираните експерти треба:

  • Во соработка со проектниот тим да ги дефинираат засегнатите страни за конкретниот подзаконски акт
  • Во соработка со проектниот тим да подготват теми и прашања кои ќе бидат предмет на консултативните состаноци со засегнатите страни и да присуствуваат на истите
    • МЗМП ќе ги организира состаноците со засегнатите страни
  • Да изготват нацрт подзаконски акти за техничките услови, начинот и постапката за мерење на водата водата за наводнување, односно одводнување (член 151 став 2 и член 152 став 2 од Законот за водите)
  • Да присуствуваат на јавната расправа за изработените подзаконски акти која е планирано да се одржи во првата половина на ноември 2022 година
    • МЗМП ќе ја организира јавната расправа
  • Да изготват финални подзаконски акти за техничките услови, начинот и постапката за мерење на водата водата за наводнување, односно одводнување кои во себе ќе ги вклучуваат забелешките и коментарите добиени на јавната расправа
  • Да подготви извештај за изработени работни часови

3. Право на учество

Експертите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Завршено високо образование од областа на техничките науки;
  • Најмалку 10 (десет) години работно искуство во водниот сектор;
  • Предходно практично искуство од областа на мерење на проток на водоводни инсталации и познавање на мерни уреди за проток;
  • Претходно искуство во изработување, односно учество во изработување на закони, подзаконски акти и/или стратешки документи.
  • Временска рамка

Ангажманот за изработка на подзаконскиот акт ќе трае од септември до ноември 2022 година. 

4. Надомест

Вкупниот надомест за извршените услуги не смее да ја надминува сумата од 88.380,00 денари со вклучен персонален данок на доход.

5. Изготвување и поднесување на понудите

Понудата треба да содржи:

  1. Кратка биографија (CV)
  2. Портфолио и референци кое во себе ќе вклучува информации за изработени стручни документи и законски, подзаконски или стратешки документи
  3. Финансиска понуда

Понудата треба да се достави по електронски пат, на е-пошта: btrpevski@myla.org.mk и dnastevska@myla.org.mk со назнака: Понуда за експерт за изработка на подзаконски акти. Понудите треба да се достават најдоцна до 16.09.2022 година до 13:00 часот.

6. Процес на селекција и бодување

Пристигнатите понуди ќе бидат оценети во рок од 3 дена по завршувањето на рокот од точката 6 од ова барање. Понудите ќе се оценуваат според следните критериуми:

  1. Евалуација на портфолиото на понудувачот (најмногу 80 бода)
  2. Понудена цена (најмногу 20 бода)

Понудите од понудувачите кои не ги исполнуваат условите од точка 3 од ова барање нема да бидат разгледувани.

Понудувачите ќе бидат известени за исходот од оценувањето на понудите.

Лице за контакт за барањето: Бојан Трпевски – btrpevski@myla.org.mk 074 601 004

Јавниот оглас можете да го преземете тука.

NO COMMENTS

POST A COMMENT