Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2021 година

На 20ти јуни, Светскиот ден на бегалците, Македонското здружение на млади правници во партнерство со УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци и Здружението на новинарите на Македонија и распишува “Јавен повик за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2021 година”.

Поднесоците треба да припаѓаат во следниве категории:

  • Напис или серија написи
  • Фотографија
  • Мултимедијален производ

Прилозите треба да се фокусираат на искуството на бегалците,  барателите на азил, потенцијалните баратели на азил и лицата без државјанство, како и да имаат придонесено кон запознавање и подигнување на свеста на широката јавност на теми поврзани со нив.

Сите доставени поднесоци ќе бидат оценувани врз основа на следните критериуми:

  • Претставува авторско новинарско остварување објавено во медиум во текот на 2021 година (од 01.01.2021 година до 31.12.2021 година)
  • Содржи автентични приказни за искуството на бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство
  • Покажува чувствителност и почит кон бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство
  • Избегнува сензационализам и стереотипизација
  • Кандидатите се државјани на Република Северна Македонија

Поднесените прилози и фотографии ќе бидат оценувани од страна на Комисија составена од истакнати новинари, фоторепортери и медиумски експерти од Здружението на новинарите на Македонија, членови на Македонското здружение на млади правници и претставници oд Претставништвото на УНХЦР во Северна Македонија. Комисијата ќе го оценува секој поднесок поединечно фокусирајќи се на тоа како е прикажана приказната на бегалците/ лицата без државјанство и дали содржи карактеристики на професионално и сензитивно известување.

Важно :

  • Може да се конкурира со максимум 3 прилога/написи/фотографии/мултимедијални производи;
  • На конкурсот не може да конкурираат новинари со стории кои биле изработени со поддршка од УНХЦР;
  • Пишаните написи да бидат испратени во верзија PDF, со датум на објавување;
  • Мултимедијалните производи да бидат испратен преку WeTransfer, со назначен датум на објавување;
  • Фотографиите да бидат во JPG формат, најмалку 2000 пиксели на подолгата страна и резолуција 300 dpi. За нив да се наведе во кој медиум и кога се објавени.
  • Сите поднесоци да се испратат по електронска пошта, на contact@myla.org.mk, и во насловот да биде назначено името на јавниот повик; или да се испратат преку пошта/достават до канцеларијата на Македонското здружение на млади правници на ул.Донбас 14/1-6, 1000, Скопје во затворен плик, а на пликот да биде назначено името на јавниот повик;
  • Повеќе информации во врска со јавниот повик и начинот на поднесување на прилозите може да се добијат од Нита Чаволи на тел. 072 224 581 или на ncavolli@myla.org.mk

На најдобро рангираните ќе им бидат доделени три награди во вкупен износ од 90.000 денари, и тоа:

  1. Прва награда 40.000 денари
  2. Втора награда 30.000 денари 
  3. Трета награда 20.000 денари

Комисијата го задржува правото да не додели одредена награда доколку апликациите не ги исполнуваат критериумите.

Рокот за аплицирање е 10.07.2022 година. Рокот за аплицирање се продолжува до 25.07.2022 година.

Изборот на победничките стории ќе биде објавен најдоцна до 15.08.2022 година.

📄 Повикот можете да го прочитате на:

Shqip https://bit.ly/3y7fqKi

English https://bit.ly/3n2Uf5y

Оваа активност е финансирана со средства на Миграцискиот повеќепартнерски доверителски фонд, во заедничкиот проект имплементиран од Агенцијата на ОН за бегалци, УНХЦР и партнерските агенции на ОН. Содржината создадена во рамките на активноста не нужно ги отсликува ставовите на Фондот, УНХЦР и партнерските организации на ОН. 

NO COMMENTS

POST A COMMENT