Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

„Како да се известува јавноста за повредите на човековите права?“ Обука за претставници на граѓански организации и граѓански активисти

Проектот на УСАИД за заштита на човековите права спроведуван од Македонското здружение на млади правници, во периодот од 28-30 октомври 2016 година, организираше обука на тема „Како да се известува јавноста за повредите на човековите права?“ наменета за претставници на граѓанските организации и граѓански активисти.

dsc_0425

Обуката им овозможи на учесниците да се стекнат со знаења и вештини потребни за правилно известување на јавноста за поединечни случаи на повреди на човековите права кои во рамки на своето работење и дејствување ги имаат идентификувано, како и да  придонесе кон зајакнување на улогата на граѓанските организации во следењето на состојбата со заштитата на човековите права во локалните заедници.

dsc_0309

На обуката се одржаа предавања и интерактивни вежби кои се однесуваат на човековите права, дејствијата со кои правата се повредуваат, правните аспекти на известувањето на јавноста за проблем на поединечно лице (пр. Заштита на лични податоци ).

Посебен фокус на обуката беше даден на вештините  потребни за презентирање на случаите во јавност преку практични совети за јавно говорење, комуникација со медиуми, справување со трема, говор на телото, гостување на ТВ и радио емисии како и учество во дебатни емисии.

Делот за јавно говорење го спроведоа  Огнен Јанески, ТВ водител и новинар и Мирослав Драганов, извршен директор на Институтот за човекови права, додека делот за правните аспекти го спроведоа претставниците на Македонското здружение на млади правници, Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ, Светлана Ќосева и Арбен Гудачи.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.