
Оглас за вработување на Помлад правник
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот “Превенција и намалување на бездржавјанството” кој го спроведува заедно со канцеларијата на Високиот Комесар за бегалци во Скопје (УНХЦР) објавува оглас завработување на Помлад правник во Одделот за бездржавјанство.
Квалификации:
– Стручна подготовка – Завршен Правен факултет
– Минимум 1 година работно искуство на проекти во граѓанскиот сектор ( работа со маргинилизирани групи и искуство во пружење на правна помош на овие лица ќе се смета за предност)
– Познавање на пишан и говорен англиски јазик
– Одлично познавање на Word, Excel и PowerPoint
– Способност и подготвеност за тимска работа
– Флексибилност и подготвеност за работа под притисок и завршување на обврските во определени рокови
– Способност за работа во мултиетничка средина
– Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
Делокруг на работа
– Одговорен/а е за непосредно и квалитетно спроведување на активностите предвидени со проектот според предвидените рокови.
– Обезбедување на лицата од интерес на УНХЦР со правен совет
– Поднесува извештаи за својата работа до Постариот правник на проектот
– Одговорен/а за водење на дата база на случаи како и редовно ажурирање на истата
– Го обезбедува постојаниот проток на информации во проектната канцеларија на МЗМП
– Изготвување на извештаи од спроведени теренски посети
Ве молиме Вашите кратки биографии заедно со мотивационо писмо да ги испратите на следната електронска адреса contact@myla.org.mk. Истите да се поднесат до 21.09.2013 година.