Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Јавен повик за продукција на видео, reels и фотографски/видеографски услуги

ВОВЕД

Македонското здружение на млади правници за потребите на проектот  “Застапување за правна помош, изнаоѓање решенија и претставување на лицата кои се од интерес на УНХЦР” и  „Застапување и помош за ставање крај на бездржавјанството”, поддржан од Високиот Комесаријат за бегалци при ОН – УНХЦР во Северна Македонија, спроведува јавен повик за продукција на видео, reels и фотографски/видеографски услуги.

Македонското здружение на млади правници од 2010 година е партнер на Високиот Комесаријат за бегалци при ОН за обезбедување на правна помош на лица под мандат на УНХЦР во Република Северна Македонија. Проектот „Застапување интереси, правна помош и правно застапување на лица од интерес и спречување и намалување на бездржавјанството“ се фокусира на заштита и унапредување на човековите права на бегалците, лицата без државјанство и барателите на азил.

ЦЕЛИ

Продукција на концизно и влијателно видео и две reels кое ќе пренесе ги пораките на проектниот тим во МЗМП, како и на вработените во претставништвото на УНХЦР во чест на Светскиот ден на бегалците, кои треба да ги исполнат следните цели:

  1. Да придонесат да се подигне свеста и да се промовира поддршката за каузата кај широката публика.
  2. Да се усогласат со мисијата на проектот за создавање инклузивно и емпатично општество.

Фотографирање и видеографија од настан кој ќе се одржи во Скопје на 19 јуни, во очи на 20 јуни, Светскиот ден на бегалците, кои треба да ги исполнат следните цели:

  1. Да го документираат настанот преку висококвалитетно видео.
  2. Да ги доловат значајните моменти преку професионална фотографија.

ОБЕМ НА РАБОТА

Давателот на услуги треба да испорача:

  • Видео во времетраење до 4 минути и 2 рилс (кратки форми) во времетраење до 30 секунди кои го покриваат настанот на 20 јуни.
  • Видео (видеографија) во времетраење до 4 минути и 2 reels (кратки форми) во времетраење од 30 секунди кои ги доловуваат важните моменти од настанот за одбележување на Светскиот ден на бегалците.
  • Избор од 50 фотографии со висока резолуција кои ја доловуваат суштината на настанот на 20 јуни.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Давателот на услуги треба да покаже:

  • Искуство: Докажано искуство во создавање влијателни и емотивно привлечни видеа и содржини на социјалните медиуми, особено во контекст на хуманитарни цели.
  • Креативен концепт: Јасен и иновативен креативен концепт за видеото.
  • Нарација и сценарио: Докажана способност да се обезбеди добро сценарио.
  • Техничко владеење: Докажана техничка експертиза во видео продукција, фотографија и видеографија.
  • Тим и ресурси: Достапност на квалификуван тим и потребни ресурси за завршување на проектот во дефинираниот временски рок.
  • Буџет: детален буџет кој ги прикажува сите трошоци и расходи поврзани со проектот.

РОКОВИ И ВАЖНИ ДАТИ:

  • Краен рок за поднесување на апликација: 03.05.2024
  • Известување: 08.05.2024
  • Започнување на проектот: Веднаш по известувањето
  • Краен рок за испорака на видеото и reels: 08.06.2024
  • Датум на одржување настанот: 19.06.2024
  • Краен рок за испорака на фотографии/видеографија и reels : 20/21.06.202

Апликациите треба да се достават на ncavolli@myla.org.mk и bkolashinac@myla.org.mk со наслов „Апликација за Јавен повик за продукција на видео, reels и фотографски/видеографски услуги”.

ИЗВЕСТУВАЊЕ И КОМУНИКАЦИЈА

Од избраниот давател на услуги ќе се очекува редовно да комуницира со проектниот тим и да известува за напредокот на продукцијата на видеото.

ДОВЕРЛИВОСТ

Сите информации обезбедени од апликантите ќе се третираат како доверливи и ќе се користат исклучиво за целите на овој процес на селекција.

ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

Организацијата го задржува правото да одбие еден или сите предлози и не е обврзана да го прифати предлогот со најниска цена.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.