Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ФОКУС ГРУПИ И ЈАВНА АНКЕТА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РСМ

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите од спроведување на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, поддржан од Шведската меѓународна агенција за развојна соработка – Sida, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопјe, Македонското здружение на млади правници и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП,  објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За спроведување на фокус групи и јавна анкета на територијата на Република Северна Македонија

1. Опис и цели на проектот

Општата цел на проектот е зајакнување на улогата на граѓанското општество во процесот на декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, за создавање на чиста животна средина, поттикнување на зелената економија и подобрување на здравјето на граѓаните во државата.

Една од посебните цели на проектот е поттикнување на учество на граѓанските организации во носење на одлуките поврзани со климатските промени, како и преку подобрување на капацитетите, знаењата и вештините, пружање поддршка на граѓанските организации за преземање на активности на локално ниво.

Втората посебна цел е подигање на јавната свест за можностите на постоење на зелени економии со ниско ниво на емисии, како и притисок на јавноста врз институциите со цел развој на политики и програми во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација.

2. Предмет на активноста на овој повик

Ангажманот во овој повик е предвиден за спроведување на национална анкета и испитување на јавното мислење поврзано со климатските промени и анализа на перцепциите и ставовите на граѓаните за најзасегнатите области на животната средина, со посебен осврт на климатски промени. Како и спроведување на пет фокус групи на теми од областа на климатски промени.

Цел на Јавната анкета е споредба и мерење на промена на резултатите од претходно спроведена јавна анкета на истата тема, како и добивање на резултати и перцепции на јавноста за определени теми. Прибраните податоци ќе се употребат за подготовка на инфографици и изработка на други документи и анализи.

3. Опис на активноста

Реализирањето на јавната анкета треба да се одвива со теренско и/или, телефонски и/или онлајн истражување на територијата на РСМ.

Јавната анкета ќе се спроведе на примерок од 980-1020 испитаници, следејќи го кодексот на истражувања на ЕСОМАР, употребувајќи CATI или друг соодветен интернационално прифатен метод на анкетирање. Демографскиот пристап треба да ги опфати сите плански региони во државата, на испитаници над 15 години.

Тимот на проектот ќе соработува со избраниот понудувач во доставување на потребните документи, прецизирање на методологијата на спроведување на јавната анкета и дефинирањето на фокус групите. До избраниот понудувач ќе бидат испратени прашањата и извештајот од претходно спроведената јавна анкета.

Вкупно ќе се спроведат пет фокус групи од областа на климатските промени кои ќе бидат назначени по правење на изборот на компанијата која ќе ги извршува.

Потребно е да се обезбеди простор на одржување на фокус групите, како и испраќање на покани и обезбедување на материјали и средства со кои ќе се овозможи видливост на проектот. Фокус групите може да се реализираат и онлајн зависно од учесниците истите и целисходноста за добивање на соодветни резултати. Фокус групите ќе се организираат за потребите на изработка на извештај во сенка за климатските промени и секоја фокус група ќе опфаќа определена област поврзана со климатските промени. 

4. Период на реализација


Јавната анкета треба да се спроведе до 01 април, а наодите да се достават до 15 април 2024 година. Сите фокус групи треба да се реализираат најдоцна до 15 февруари 2024 година, а наодите да се достават соодветно по реализација на фокус групата или групите зависно од темата. Конкретните датуми за доставување на резултатите ќе бидат договорени со склучување на договорот.

5. Потребна документација и искуство

Кандидатите треба да достават:

  • Тековна состојба за правни лица;
  • Краток опис на компанијата/ здружението за правни и CV за физички лица;
  • Портфолио од претходно релевантно искуство;
  • Финансиска понуда со посебно дефинирани две ставки, една за спроведување на фокус групи и една за јавна анкета.

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

6. Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да ги достават потребните документи од точка 5. Финансиската понуда треба да биде во бруто износ со вклучен данок на додадена вредност или персонален данок на доход изразена во мкд, и да изнесува најмногу 390.586,00 денари доколку понудата се однесува и за анкета и за фокус групи. Односно, 130.196,00 денари за јавна анкета и 260.390,00 денари за вкупно пет фокус групи. Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: bbozinovska@myla.org.mk и dnastevska@myla.org.mk со назнака– Апликација за спроведување на анкета и/или фокус групи (во зависност од апликацијата).

Кандидатите може да достават понуда за само една ставка, фокус групи или јавна анкета, при што ќе наведат во назнаката за доставување на документите преку е-маил.

7. Евалуација на кандидатите

Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Документација и портфолио 15 бода
  • Претходно искуство во спроведување на анкети и фокус групи – 15 бода
  • Претходно искуство во спроведување на анкети и фокус групи од областа на животна средина – 30 бода
  • Понуден надомест за активноста – 40 бода
  • Вкупно 100 бода.

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови. Рокот за аплицирање е заклучно со 05.01.2024 година. Рокот се продолжува до 15.01.2024 година. Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување.

Контакт лице: Бојана Божиновска, тел. 071336076 или e-mail: bbozinovska@myla.org.mk

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.