Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Стандарди на академското пишување- обука за млади правници истражувачи

Во третото издание на списанието “Правен фокус” (Focus luris) ќе се објават 10 стручни статии на теми поврзани со права на пациенти и/или пристап до здравствена заштита.   

На 05.12.2022 година пред отпочнувањето на процесот на пишување на статиите,  за авторите се спроведе обука за стандарди на академското пишување, преку која тие се здобија со дополнителни знаења и насоки за претставување на проблематиката во трудовите на кохерентен и методичен начин.  

Предавачи на обуката беа двајца од членовите на Уредувачкиот одбор на списанието: 

  • Проф. д-р Јасна Бачовска Недиќ, професор на Правниот факултет Јустинијан Први при Универизтетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје; 
  • Д-р Јелена Ристиќ, адвокат, заменик-претседател на Адвокатската комора на РСМ, доцент на Правниот факултет при Универзитет Американ колеџ Скопје. 

Обуката се организираше во рамки на проектот „ Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото“  поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. 

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.