Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
Screenshot 3

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ/КА ЗА РАЗВОЈ НА УПАТСТВО НА НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ

zeleni opstini

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот Младински активизам за позелени општини финансиски поддржан од Европската Унија со договор бр. IPA/2021/430-653 на 2.11.2022 година објавува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ/КА ЗА РАЗВОЈ НА УПАТСТВО НА НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ ЗА АКТИВНО ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИ АКТИВИСТИ И МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ПРОЦЕСИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА НА ЛОКАЛНО НИВО

1. Општи информации за Проектот

Проектот Младински активизам за позелени општини(во понатамошниот текст Проектот) е акција финансиски поддржана од Европската Унија со договор бр. IPA/2021/430-653 во рамки на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2020 – Support to civic youth initiatives, activism and volunteering in local communities. Проектот ќе се спроведува во периодот од 1 јануари 2022 до 30 јуни 2024 година од страна на Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина ГОУ ГРИН, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив.

Општа цел на Проектот е да го зајакне влијанието на младинските активисти и младинските организации во политиките и процесите за заштита на животната средина кои се спроведуваат на локално ниво. Проектот ги има следниве посебни цели: (1) Зајакнување на капацитетите на младинските активисти и младинските организации за спроведување на ефективни активности за застапување на локално ниво; (2) Воспоставување на партнерство помеѓу клучните засегнати страни заради обезбедување спроведување на стандардите воспоставени во Поглавјето 27 од европското acquis во најмалку 12 општини и (3) Зголемување на бројот на иницијативи за заштита на животната средина од страна на младински активисти и младински организации на локално ниво.

Заради остварување на предвидените цели проектот вклучува спроведување на повеќе активности групирани во три компоненти. Првата компонента ќе опфаќа развивање на дигитална алатка за спроведување на обуки и курсеви за младински активисти на теми поврзани со заштита на животната средина, климатските промени  и еко-активизам. Дополнително, ќе биде спроведена програма за обуки на млади правници за заштита на животната средина. Во рамки на втората компонента Проектот ќе развие прирачници и упатства за воспоставување процедури за вклучување на младите во процеси поврзани со животната средина, како и ќе се поддржат конкретни општини со изработка на акти и документи поврзани со оваа тема. Третата компонента ќе вклучува финансиска и менторска поддршка на младински организации и активисти за спроведување на конкретни иницијативи во локалната заедница. 

2. Опис на активноста

Ангажманот кој е предмет на овој повик вклучува развој и подготовка на упатство на најдобри практики за активно вклучување  на младите активисти и младинските организации во процесите за заштита на животна средина на локално ниво.

Целта на упатството е да предложат најдобри компаративни практики и модели на младинско учество во процесите на креирање политики на локално ниво за  заштита на животна средина и спречување на климатски кои се применливи во нашата држава. Фокус ќе биде ставен и на родовите импликации и маргинализираните лица.

Упатството е потребно:

  • Да се заснова на принципите поставени во Кодексот на добри практики за граѓанско учество во процесите на креирање политики на Советот на Европа (Code of good practice for civil participation in the decision-making process of the Council of Europe), како и најдобрите практики поставени во документот Добри практики за младинско учество (Good Practices for of Youth Engagement);
  • Да ги истакне најдобрите ЕУ практики за активно учество на младите активисти и младинските организации и нивно влијание врз политики на локално ниво, како и да даде предлог за соодветни и специфични модалитети за учество во процесите за заштита на животна средина и спречување на климатски промени (пр. еколошки дозволи во рамки на надлежностите на локалната власт, зеленило и јавни простори, одржлив локален економски развој, обновлива енергија, управување со отпад, квалитет на воздух итн);
  • Да биде комплементарно на веќе постоечките модели за младинско учество во процесите на креирање политики на локално ниво поставени во Законот за младинско учество и младинските политики, национални стратегии и политики (на пр. младински совети, споделување информации со младински организации, обезбедување учество на претставници на младите во телата и комитетите на локалната самоуправа итн).

Упатството e замислено да служи како помошна алатка на воспоставените механизми за младинско учество во нашата држава.

3. Работни задачи и очекувани продукти (Deliverables)

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик, експертот/ката ќе треба да ги спроведе следниве работни задачи:

  • Разработка на партиципативна методологија и утврдување на темите на упатството;
  • Идентификување и анализа на релевантна литература и документи (desk review) за подготовка на упатството во согласност со точка 2 од овој повик;
  • Да спроведе фокус група за консултации со релевантни младински организации, организации на млади, организации кои работат со млади и претставници од локална власт;
  • Упатството треба да биде изготвено на јасен и разбирлив јазик наменет за млади лица кое во себе ги вклучува елементите опишани во точка 2 од овој повик;
  • Подготовка и финализирање на упатството во соработка и координација со проектниот тим;
  • Спроведување на промотивна работилница за упатството со претставници од локалната власт;   
  • Да учествува во останати промотивни активности на упатството.

4. Временска рамка и плаќање

Работниот ангажман ќе биде спроведен во 10 работни денови, а упатството треба да е подготвено заклучно 31.12.2022 година. За секој работен ден предвиден е надоместок во висина од 100 евра во бруто износ кои ќе бидат исплатени во денарска противвредност, според курсот на Проектот. Исплатата ќе се изврши по одобрувањето на месечниот извештај од страна на Проектниот менаџер. 

5. Профил и потребни квалификации

Експертот/ката за изработка на упатството треба да ги исполнува следниве квалификации:

  • Завршено високо образование во област релевантна на овој јавен повик;
  • Напредно познавање и служење со Англиски јазик. Поседување на меѓународно признат сертификат ќе се смета за предност; 
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа на младинско учество и влијание врз политики;
  • Познавање на контекстот во однос на младинското учество и влијание врз политики во области за заштита на животна средина на локално ниво;
  • Искуство во изработка и подготовка на анализи, извештаи, прирачници, упатства и слично;
  • Развиени истражувачки и аналитички вештини.

6. Начин на пријавување, потребни документи и контакт лице

Доколку сте заинтересирани за аплицирање за подготовка на упатството и ги исполнувате условите наведени во точка 5 од овој документ, потребно е да се достави CV/детална биографија во која ќе бидат наведени референци со кои се потврдува исполнувањето на условите.

Потребните документи треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: contact@myla.org.mk со назнака Апликација за експерт/ка за изработка на упатство.  Рокот за аплицирање е 24.11.2022 година.

Пристигнатите апликации ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија основана од Управниот одбор на МЗМП.

Контакт лице е Ангела Шумкоска, проектен менаџер, е-пошта: ashumkoska@myla.org.mk, тел: 02 3220 870.

Повикот можете да го преземете тука.

zeleni opstini 2
NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.