
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА
Македонско здружение на млади правници (МЗМП), објавува јавен повик за практикантска работа во здружението. МЗМП нуди позитивна работна средина, простор за професионална и лична надградба, како и менторство и поддршка во исполнување на работните задачи.
Услови за пријава:
- Завршен минимум прв циклус на правни студии;
- Познавање на англиски јазик;
- Основно познавање на Microsoft Office;
- Интерес во областа на заштитата на човековите права;
- Подготвеност за работа со луѓе со различна културна и социјална позадина;
- Подготвеност за индивидуална и тимска работа;
- Посветеност и одговорност кон доверените работни задачи.
Опис на работни задачи:
- Истражување и собирање на податоци, на релевантни теми од областа на правото и заштитата на човековите права;
- Поддршка на правниците во здружението при давање на правна помош;
- Поддршка на вработените на здружението при спроведување на тековните активности;
- Поддршка при организација на обуки и настани;
- Административни и технички работи поврзани со работата на здружението.
Рок и потребни документи за аплицирање
МЗМП ги повикува сите заинтересирани млади дипломирани правници да испратат резиме/CV и мотивациско писмо (не подолго од 1 страна) на електронската адреса ashumkoska@myla.org.mk најдоцна до 31.03.2022 година.
Договор за практикантска работа и надоместок
Со избраниот кандидат МЗМП ќе склучи договор за практикантска работа во траење од 3 месеци. За практикантот/тката е предвиден месечен надоместок во согласност со Законот за практикантство.
За Македонското здружение на млади правници
Македонско здружение на млади правници (МЗМП) е невладина организација, формирана со цел зајакнување на придонесот на младите правници во унапредување на правничката професија, заштита на човековите права и слободи и унапредување на принципот на владеење на правото во Република Северна Македонија преку учество и работа на конкретни проекти. Во своето работење МЗМП става посебен фокус на континуирана едукација на младите правници.
Повикот можете да го преземете тука.