Донесени две пресуди кои утврдуваат директна дискриминација

Македонското здружение на млади правници-МЗМП информира дека Основниот суд Скопје 2 Скопје донесе две пресуди со кои на тужителите делумно им се уважува тужбеното барање и се утврдува директна дискриминација. Со првата пресуда од ден 26.05.2017 година се утврдува повторена дискриминација како потежок облик на дискриминација, повреда на правото на еднаков третман и ограничување на[…]

Aдвокати и млади правници на обука за критериуми за допуштеност на апликации до ЕСЧП

Викендов во хотел Метропол во Охрид се одржа обука за адвокати и млади правници на тема „Критериуми за допуштеност на апликации до Европскиот суд за човекови права и вештини за јавно говорење“. Акцент беше ставен на пополнувањето на формуларот за апликација до ЕСЧП, најчестите грешки поради кои апликациите се отфрлаат како недопуштени, но и суштинските[…]

МЗМП дел од работна група за подготовка на предлог текст на Законот за спречување и заштита од дискриминација

На покана на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, Македонското здружение на млади правници- МЗМП, од септември, 2016 година учествува во работната група за подготовка на предлог текст на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Здружението најпрво достави предлог измени на законот согласно досегашнато искуство во примената на законот, за потоа[…]

X.X. против МВР – Студија на случај

Оваа студија го анализира постапувањето на судовите во РМ по поведена постапка од страна на граѓанин кој смета дека му се повредени правото на слобода на движење и правото на еднаквост. Граѓанинот, од ромска етничка припадност, при обид да отпатува на краток престој во соседна Р. Србија во посета на роднини бил спречен од страна[…]