Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
Screenshot 3

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА МЛАДИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ ОД ОБЛАСТИ ПОВРЗАНИ СО ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот Младински активизам за позелени општини финансиски поддржан од Европската Унија со договор бр. IPA/2021/430-653 на 29.06.2023 година објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА МЛАДИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ ОД ОБЛАСТИ ПОВРЗАНИ СО ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

1. Општи информации за Проектот

Проектот Младински активизам за позелени општини(во понатамошниот текст Проектот) е акција финансиски поддржана од Европската Унија со договор бр. IPA/2021/430-653 во рамки на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2020 – Support to civic youth initiatives, activism and volunteering in local communities. Проектот ќе се спроведува во периодот од 1 јануари 2022 до 30 јуни 2024 година од страна на Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина ГОУ ГРИН, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив.

Општа цел на Проектот е да го зајакне влијанието на младинските активисти и младинските организации во политиките и процесите за заштита на животната средина кои се спроведуваат на локално ниво. Проектот ги има следниве посебни цели: (1) Зајакнување на капацитетите на младинските активисти и младинските организации за спроведување на ефективни активности за застапување на локално ниво; (2) Воспоставување на партнерство помеѓу клучните засегнати страни заради обезбедување спроведување на стандардите воспоставени во Поглавјето 27 од европското acquis во најмалку 12 општини и (3) Зголемување на бројот на иницијативи за заштита на животната средина од страна на младински активисти и младински организации на локално ниво.

2. Опис на активноста предмет на овој повик  

Во рамките на проектот е воспоставена канцеларија за обезбедување поддршка на локални млади еко активисти како и претставници на младински организации и организации за млади со цел креирање и имлементација на активности за застапување за заштита на животната средина на локално ниво.

Преку воспоставената канцеларија се обезбедува поддршка  на младите активисти/ младинските оргазаниции/ организации за млади од областа на правото, урбанистичкото планирање, заштитата на животната средина, зачувување на природата и управувањето со отпад од аспект на надлежностите на единиците на локалната самоуправа.

Целта на овој јавен повик е да се изврши идентификација на 16 млади професионалци (на возраст под 30 години) од областите на биологија, хемија, технологија, металургија, градежно инженерство, урбанистичко планирање како и експерти од областа на инженерството за животна средина кои во соработка со младите адвокати и младите правници би обезбедувале техничка поддршка на младите активисти , младинските организации и организациите за млади.

3. Информации за придобивките и обврските на младите професионалци

Придобивки на младите професионалци :

  • Стекнување искуство во тимска работа за имплементација на локални активности за заштита на животна средина.
  • Зголемено познавање на граѓанските обврски и можности за заштита на животната средина.
  • Сертификат за учество под услов да биде даден придонес (истражување, мислење, насока и предлози) за имплементација за минимум 1 (една) локална акција.

Обврски на младите професионалци:

  • Да учествуваат на еднодневна обука на почеток на третото тримесечје оваа година
  • Да одржуваат состаноци состаноци со млади адвокати/ млади правници , младинскиот активист(и) поради обезбедување на професионално мислење од областа на заштита на животната средина
  •  Да истражуваат и даваат експерски и професионални мислења, насоки, предлози или идеи за решавање на проблемот пријавен од младиот активист/ младинската организација/ организација за млади.

4. Начин на пријавување

Заинтересираните млади професионалци кои изразуваат интерес да придонесат преку своето експертско мислење кон заштита на животната средина на локално ниво потребно е да се пријават преку пополнување на следниот формулар  следниот прашалник: https://forms.gle/VCwKv9aodba5GaP77

Јавниот повик за изразување интерес на млади професионалци во областите поврзани со заштитата на животната средина е отворен заклучно со 17.07.2023 24.07.2023 година

Контакт лице е Весна Дишлијовска, проектен менаџер, е-пошта: vdislijovska@myla.org.mk, тел: 02/3220-870.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.