Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Стандардите на акaдемското пишување- обука за авторите на стручни статии во „Правен фокус”

Во четвртото издание на списанието Правен фокус ќе се објават десет стручни статии на автори кои ќе пишуваат на теми поврзани со дигиталните технологии и правната регулација. На 08.06.2023 год, МЗМП спроведе онлајн обука за стандардите на акaдемското пишување за избраните автори на стручните статии предвидени да се објават во четвртото издание на стручното списание „Правен фокус” (Focus Iuris). 

Предавачи на обуката беа двајца од членовите на Уредувачкиот одбор на списанието, Проф. д-р Јасна Бачовска Недиќ и Проф. д-рГоран Илиќ. 

Списанието Правен фокус се издава во рамки на проектот „Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото“ , поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. 

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.