ЈАВЕН ПОВИК за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во РСМ за 2020 година

На 20ти јуни- Светскиот ден на бегалците, Македонското здружение на млади правници (МЗМП)  во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ)  и Канцеларијата на Високиот комесар за бегалци при Обединетите нации во Северна Македонија – УНХЦР распишува “Јавен повик за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2020 година”.

Поднесоците треба да припаѓаат во следниве категории:

  • Напис или серија написи
  • Фотографија
  • Мултимедијален производ

Прилозите треба да се фокусираат на искуството на бегалците,  барателите на азил, потенцијалните баратели на азил и лицата без државјанство, како и да имаат придонесено кон запознавање и подигнување на свеста на широката јавност на теми поврзани со нив.

Сите доставени поднесоци ќе бидат оценувани врз основа на следните критериуми:

  • Претставува авторско новинарско остварување објавено во медиум во текот на 2020 година (од 01.01.2020 година до 31.12.2020 година)
  • Содржи автентични приказни за искуството на бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство
  • Покажува чувствителност и почит кон бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство
  • Избегнува сензационализам и стереотипизација
  • Кандидатите се државјани на Република Северна Македонија

Поднесените прилози и фотографии ќе бидат оценувани од страна на Комисија составена од истакнати новинари, фоторепортери и медиумски експерти од Здружението на новинарите на Република Северна Македонија, членови на Македонското здружение на млади правници и претставници oд Претставништвото на УНХЦР во Северна Македонија. Комисијата ќе го оценува секој поднесок поединечно фокусирајќи се на тоа како е прикажана приказната на бегалците и дали содржи карактеристики на професионално известување.

Важно :

  • Може да се конкурира со максимум 3 прилога/написи/фотографии/мултимедијален производ;
  • На конкурсот не може да конкурираат новинари со стории за кои имаат добиено грантови од страна на МЗМП во партнерство со УНХЦР;
  • Пишаните написи да бидат испратени во верзија PDF, со датум на објавување;
  • Мултимедијалните производи да бидат испратен преку WeTransfer, со назначен датум на објавување;
  • Фотографиите да бидат во JPG формат, најмалку 2000 пиксели на подолгата страна и резолуција 300 dpi. За нив да се наведе во кој медиум и кога се објавени.
  • Сите поднесоци да се испратат по електронска пошта, на contact@myla.org.mk, и во насловот да биде назначено името на јавниот повик; или да се испратат преку пошта/достават до канцеларијата на Македонското здружение на млади правници на ул.Донбас 14/1-6, 1000, Скопје во затворен плик, а на пликот да биде назначено името на јавниот повик;
  • Повеќе информации во врска со јавниот повик и начинот на поднесување на прилозите може да се добијат од Олгица Танчева на тел. 071/395-399 или на адресата otanceva@myla.org.mk

Рокот за аплицирање е 17.07.2021 година.

Изборот на стручната комисија ќе биде објавен најдоцна до 30.07.2021 година. 

 Повикот е достапен на албански и англиски на следните линкови:

🇦🇱 THIRRJE PUBLIKE për gazetarë Dita e Refugjatëve 2021

🇬🇧 PUBLIC CALL for Journalists- Refugee Day 2021

 

Oглас за вработување на преведувач од Фарси јазик

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот Застапување интереси, правна помош и правно застапување на лица од интерес и спречување и намалување на бездржавјанството објавува оглас за вработување на преведувач од Фарси јазик. Преведувачот ќе биде дел од тимот на МЗМП во Прифатниот центар за баратели на азил, Привремениот транзитен центар Табановце и Привремениот транзитен центар Винојуг.

Квалификации:

  • Минимум средно образование;
  • Одлично познавање на пишан и говорен фарси јазик;
  • Поседување на лиценца за овластен судски преведувач од Фарси ќе се смета за особена предност;
  • Одлично познавање на пишан и говорен македонски јазик;
  • Познавање на англиски јазик и друг странски јазик ќе се смета за предност;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Активен возач (Б категорија);
  • Способност за работа во мултиетничка средина;
  • Минато работно искуство во сличен контекст ќе се смета за предност.

Делокруг на работа:

  • Преведување при директна и електронска комуникација со баратели на азил, бегалци и други лица од интерес на УНХЦР;
  • Преведување при спроведување на интервјуа со лицата од интерес;
  • Преведување при спроведување интервјуa со Секторот за азил со лицата од интерес;
  • Преведување на документи од Фарси на Македонски јазик, и од Македонски на Фарси јазик.

Дополнителни информации:

  • Работните активности се одвиваат во Прифатниот центар за баратели на азил, Привремениот транзитен центар Табановце и Привремениот транзитен центар Винојуг;
  • Работно време од 20 часа неделно;

Ве молиме вашите биографии да ги испратите на contact@myla.org.mk најдоцна до 05.02.2021 година.

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ- Офицер/ка за застапување (Advocacy officer)

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) Скопје, објавува оглас за вработување, за една работна позиција „Офицер/ка за застапување” (Advocacy officer) во времетраење од 11 месеци со можност за продолжување почнувајќи од февруари 2021 година.

Работната позиција се огласува за потребите за спроведување на проектот “Advocacy for solutions, legal assistance and representation for UNHCR persons of concern” and “Advocacy and assistance towards ending statelessness” поддржан од канцеларијата на УНХЦР во Скопје, а кој е спроведуван од Македонското здружение на млади правници.

Главни цели на проектот сe:

  • Застапување за подобрување на системот за азил од аспект на квалитет на постапката за признавање на статус на бегалец, пристап до социјални и економски права и функционирање на системот за бесплатна правна помош;
  • Застапување за трајни и одржливи решенија за лицата во долготрајна бегалска ситуација
  • Намалување на без државјанството во Северна Македонија

Опис на работни задачи:

  • Развивање на план за застапување за трите клучни цели на проектот;
  • Подготовка на извештаи, брифови, препораки, реакции и соопштенија;
  • Градење и одржување на партнерство со клучните засегнати страни на национално нивo;
  • Воспоставување на соработка со новинари и медиуми и јавни настапи со цел остварување на целите на проектот;
  • Подготовка на содржини за веб страната на МЗМП;
  • Обезбедување навремено спроведување на планираните проектни активности;
  • Поддршка на работата на Проектниот менаџер и проектниот офицер.
  • Извршување на други задачи во согласност со потребите на организацијата.

 

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование од областа на општествените науки, политчки науки, право, меѓународни односи;
  • Магистратура и докторски студии ќе се сметаат за предност;
  • Одлични организациски способности;
  • Минимум 10 години работно искуство (од кои 5 години на слична позиција како наведената);
  • Напредни компјутерски вештини (МS Office: Word, Excel, PowerPoint);
  • Вештини за користење социјални медиуми за професионални цели;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик и високо развиени вештини за уредување и лекторирање на текстови на двата јазика
  • Запознаеност со политичкиот контекст во државата, особено во областите на делување на МЗМП. Искуство со застапување со различни чинители во процесите на донесување на одлуки ќе се смета за предност.
  • Способност за тимска работа;

 

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија и мотивациско писмо. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работното искуство. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: contact@myla.org.mk, најдоцна до 31.01.2021 година. При доставувањето на апликациите Ве замолуваме пораката да гласи: Апликација за позиција – Офицер за застапување (Advocacy officer).

Постапка за избор на кандидат:

Комисијата за избор на кандидат ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Со квалификуваните кандидати ќе биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат на кој ќе му биде понудена работната позиција.

 

Договор за вработување:

Со избраниот кандидат МЗМП ќе склучи договор за вработување на определено време во траење од 11 месеци. Договорот ќе содржи и т.н клаузула за пробна работа во траење од три месеци. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно. Правата и обврските од договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи.

Меѓународен ден на мигрантите- да ги заштитиме достоинството и правата на мигрантите

 

На 18 декември се одбележува Меѓународниот ден на мигрантите прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации во 2000 година, со кој се потенцира потребата и важноста на заштитата на правата и достоинството на мигрантите ширум светот.

Луѓето отсекогаш континуирано мигрираат од различни причини, вложувајќи ги своите знаења, вештини, култура, традиции во новото место кое го населуваат. Мигрантите стануваат дел од заедницата и придонесуваат кон развој на разнолични, вклучувачки и отпорни општества.  За жал, денес луѓето се почесто се принудени да ги напуштат своите домови како резултат на идеолошки разлики, внатрешни конфликти или природни катастрофи и промени.

Оваа година овој ден се одбележува во екот на глобалната пандемија на вирусот Ковид-19 чии последици се многуслојни и далекусежни и влијаат на секој аспект на живеењето. Во многу држави мигрантите се наоѓаат на првата линија во борбата против пандемијата и  преку различни форми и начини придонесуваат во намалувањето на нејзиното влијание. Многумина помагаат на здравствените власти, во транспортната индустрија и доставата на храна за најранливите и најзагрозените лица, во ситуации на целосно затворање на државите, градовите и селата.

Сепак, многу ранливи категории на мигранти, регуларни и нерегуларни, кои живат на маргините на општествата се подеднакво загрозени и ги трпат негативните последици на пандемијата, од здравствен и економско-социјален аспект.  Мигрантите се најмногу погодени и со воведувањето на заштитните мерки од страна на државите и ограничувањето на правото на движење во многу држави во нашето пошироко и потесно опкружување.

Македонското здружение на млади правници упатува апел и до институциите во земјава- доследно и хумано да се грижат и да овозможат почитување, примена и заштита на човековите права на мигрантите присутни во нашата држава.

Пандемијата не треба и не смее да се користи како изговор за дискриминирачко, нечовечно и деградирачко постапување со оваа екстремно ранлива категорија на луѓе. Потсетуваме дека вирусот не познава раса, нација, етникум или социјален статус, бидејќи сите подеднакво сме изложени на ризик.

Само преку системско, човечно и достинствено однесување кон мигрантите, со почитување на меѓународните стандарди и добрите практики може да ги ублажиме негативните ефекти на Ковид-19 врз нив и нивните животи.

 

 

 

Симулација на судење на предмети од областа на азилот

Македонското здружение на млади правници во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија на ден 03.12.2020 година одржа симулација на судење за предмет од областа на азилот преку дигитална платформа. По претходна подготовка на даден случај, слушателите на Академијата беа поделени во три групи и тоа група во улога на тужител, група во улога на тужен и група во улога на судиите кои ја спроведоа симулацијата на судење согласно новиот Закон за управни спорови.

Правото на азил, посебно, во време на пандемија како што е во моментов глобалната здравствена криза предизвикана од КОВИД 19 доби огромно внимание во светот па оттука, овој настан се реализира во вистинско време.

Целта на оваа симулација беше разработување и доближување на материјата на меѓународна заштита на идните судии кои преку дадениот случај се стекнаа со искуство за тоа како се спроведува постапката за азил во Северна Македонија, ги изведоа клучните поенти во однос на критериумите за добивање меѓународна заштита и употребата на домашната и меѓународната регулатива релевантна за оваа материја. По симулацијата на усна расправа, учесниците од Академија донесоа пресуда за случајот која потоа беше предмет на дискусија од присутните. На настанот земаа учество претставници од Управниот суд и Вишиот управен суд на Северна Македонија, Секторот за азил при МВР и Канцеларијата на Високиот Комесар за бегалци при ОН во Скопје.“

Со воведно обраќање на присутните им се обрати: претседателот на Вишиот управен суд, Исмета Амет, како и претставници од МЗМП и Канцеларијата на УНХЦР во Скопје.

Во насока на навремена подготовка на учесниците за овој настан, од страна на МЗМП беше изготвен и Водич кој меѓудругото го содржеше и решението донесено од Секторот за азил врз кое треба да се засноваат наводите на тужбата и одговорот на тужбата, секако,  согласно новиот Закон за управни спорови.

Како посебни извори со цел продлабочување на знаењата кои беа од полза на учеснциите беа посочени: Законот за меѓународна и привремена заштита, Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 година на Обединетите нации и нејзиниот Протокол од 1967 година, Конвенција за правата на детето на ОН, Европската конвенција за човекови права, кратка презентација за азил од Европскиот суд за човекови права и Збирка пресуди од ЕСЧП со коментар.

Во продолжение се неколку web страници на кои може да се најдат извештаи за земја на потекло на барателот на азил и други податоци, кои беа наведени во Водичот кој им беше доставен на учесениците:

https://www.easo.europa.eu/ ; https://www.refworld.org ; https://www.unicef.org/ https://www.hrw.org/

Добитници на награди за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2019 година

Македонското здружение на млади правници во соработка со ЗНМ и Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации – УНХЦР информира дека добитници на награди на „Jавен повик за доделување на награди за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2019 година” се:

– Во категорија напис или серија написи:

Наградата припадна на Менче Атанасова Точи за написот под наслов „Починатите бегалци и мигранти во „дупката“ на институциналната негрижа “,  медиум на објавување: НОВА ТВ

– Во категоријата емисија, прилог или краток документарец:

Доделени се две награди едната награда припадна  на Ѓорѓи Личовски за прилогот под наслов „Mother Lenche with illegal migrants full edit Georgi Licovski North Macedonia “, медиум на објавување: агенција EFE, другата награда припадна на Еви Шкопи за прилогот под наслов 90 годишната Сафије Пајазити е една од многуте лица кои немаат лични исправи , медиум на објавување: ТВ АлсатМ.

Голема благодарност до сите новинари кои аплицираа на објавениот повик и Ве охрабруваме да продолжите со својата успешна работа.

 

Целосната објава може да ја преземете на: Добитници на награди за професионално известување

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОСТОЈБАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И ЛИЦАТА БЕЗ ДРЖАВЈАНСТВО ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2019 ГОДИНА

На 20 јуни, Светскиот ден на бегалците, Македонското здружение на млади правници во соработка со ЗНМ и Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации – УНХЦР распишува “Jавен повик за доделување на награди за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2019 година”.

Поднесоците треба да припаѓаат во следниве категории:

  • Напис или серија написи
  • Емисија, прилог, краток документарец
  • Фотографија

Прилозите треба да се фокусираат на искуството на бегалците, барателите на азил, потенцијалните баратели на азил и лицата без државјанство како и да имаат придонесено кон запознавање и подигнување на свеста на широката јавност на теми поврзани со нив.

Сите доставени поднесоци ќе бидат оценувани врз основа на следните критериуми:

  • Претставува авторско новинарско остварување објавено во медиум во текот на 2019 година (од 01.01.2019 година до 31.12.2019 година)
  • Содржи автентични приказни за искуството на бегалците, барателите на азил и лицата бездржавјанство
  • Покажува чувствителност и почит кон бегалците и лицата бездржавјанство
  • Избегнува сензационализам и стереотипизација
  • Кандидатите се државјани на Република Северна Македонија

Поднесените прилози и фотографии ќе бидат оценувани од страна на Комисија составена од истакнати новинари, фоторепортери и медиумски експерти од ЗНМ, членови на Македонското здружение на млади правници и претставници oд Претставништвото на УНХЦР во Скопје, Република Северна Македонија. Комисијата ќе го оценува секој поднесок поединечно фокусирајќи се на тоа како е прикажана приказната на бегалците или на лицата без државјанството, дали содржи карактеристики на професионално известување.

Важно:

  • Може да се конкурира со најмногу 3 прилога/написи/фотографии;
  • Новинарските трудови изработени во 2019 година во рамки на проектот на МЗМП и УНХЦР не се квалификуваат за овие награди;
  • Пишаните написи да бидат испратени во верзија PDF, со назначен датум на објавување;
  • Видео материјалите да бидат испратени преку We Transfer, со назначен датум на објавување;
  • Фотографиите да бидат во JPG формат, најмалку 2000 пиксели на подолгата страна и резолуција 300 dpi. За нив да се наведе во кој медиум и кога се објавени;
  • Сите поднесоци да се испратат по електронска пошта, на contact@myla.org.mk, и во насловот да биде назначено името на конкурсот; или да се испратат преку пошта/достават до канцеларијата на Македонското здружение на млади правници на ул. Донбас бр.14/1-6, 1000, Скопје во затворен плик, а на пликот да биде назначено името на конкурсот;
  • Повеќе информации во врска со Конкурсот и начинот на поднесување на прилозите може да се добијат на тел. 071/395-399 или на адресата otanceva@myla.org.mk .

На најдобро рангираните ќе им биде доделена по една награда, во некоја од трите категории, во вкупен износ од 120.000 денари, и тоа:

  • награда во категорија „Напис или серија написи“ – 40 000 денари
  • нагрда во категорија „Емисија, прилог, краток документарец“- 40 000 денари
  • награда во категорија „Фотографија“ – 40 000 денари

Рокот за аплицирање едо 30.06.2020 година.  РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ СЕ ПРОДОЛЖУВА ДО 05.07.2020 ГОДИНА. 

Наградените ќе бидат објавени најдоцна до/на  25.07.2020 година.

 

THIRRJE PUBLIKE NDARJEN E ÇMIMEVEPËR RAPORTIM PROFESIONAL MBI SITUATËN E REFUGJATËVE DHE PERSONAVE PA SHTETËSI NË REPUBLIKËN E MAQEDONISË SË VERIUT PËR VITIN 2019

Më 20 Qershor, Ditën Botërore të Refugjatëve,Shoqata Maqedonase e Juristëve të Rrinjë në bashkëpunim me Shoqatën e Gazetarëve Maqedonisë së Veriut dhe Komisionerin e Kombeve të Bashkuara për Refugjatë – UNHCR shpall “Thirrje publike për ndarjen e çmimeve për raportim profesional mbi situatën e refugjatëve dhe personave pa shtetësi në Republikën e Maqedonisë së Veriut për vitin 2019”

Dorëzimet duhet të bien në kategoritë e mëposhtme:

  • Një artikull ose seri artikujsh
  • Emision, shtesë, dokumentar i shkurtër
  • Fotografi

 Dorëzimet duhet të përqëndrohen në përvojën e refugjatëve, azilkërkuesve,kërkuesve të mundshëm të azilit dhe personave pa shtetësi, si dhe të kenë kontribuar në informimin dhe ndërgjegjësimin e publikut mbi çështjet që lidhen me to.

Të gjithë dorëzimet e dërguar do të vlerësohen në bazë të kritereve të mëposhtme:

  • Është realizim gazetaresk i autorit i publikuar në media gjatë vitit 2019 (nga 01.01.2019 deri më 31.12.2019)
  • Përfshin histori autentike në lidhje me përvojën e refugjatëve dhe azilkërkuesve
  • Tregon ndjeshmëri dhe respekt për refugjatët dhe personat pa shtetësi
  • Shmangin senzacionalizimin dhe stereotipet
  • Kandidatët janë shtetas të Republikës të Maqedonisë së Veriut

Artikujt dhe fotografitë e dorëzuara do të vlerësohen nga një Komision i përbëre nga gazetarë të shquar, fotoreporterë dhe ekspertë të medias nga Shoqata e Gazetarëve të Maqedonisë së Veriut, anëtarë të Shoqatës Maqedonase e Juristëve të Rrinjë dhe nga përfaqësues të Përfaqësuesit të UNHCR-së në Shkup. Komisioni do të vlerësojë çdo dorëzim individualisht duke u përqëndruar në atë se si janë paraqitur historitë të refugjatëve ose të personave pa shtetësi dhe nëse ajo përmban tiparet e raportimit profesional.

E rëndësishme:

  • Autori mund të konkurrojë me deri në 3 artikuj / histori / fotografi;
  • Punimet gazetareske të përgatitura në vitin 2019 në suaza të projektit të SHMJRr dhe UNHCR nuk kualifikohen për këto çmime;
  • Artikujt e shkruara duhet dërguar në formatin PDF, me datë të përcaktuar të botimit;
  • Video materialet duhet dërguar nëpërmjet platformës We Transfer,me datë të përcaktuar të botimit;
  • Fotografitë të jenë në formatin JPG, të paktën 2000 piksele në anën e gjatë dhe me rezolucion 300 dpi. Të specifikohet data e botimit dhe media ku është botuar.
  • Të gjitha aplikimet mund të dërgohen me e-mail në contact@myla.org.mk, ku në titullin do të shkruhet titulli i konkursit; ose të dorëzohen me postë/dërgesë në zyrën e Shoqatës së juristëve të rrinj të Maqedonisë, në Rr. Donbas 14 / 1-6, 1000 Shkup në zarf të vulosur me titullin e thirrjes.
  • Më shumë informacione në lidhje me thirrjen dhe dorëzimin e artikujve mund të merrni në tel.071/395-399 ose në otanceva@myla.org.mk

Për dorëzimet më të suksesshëm do të jepen ngatri çmime për tri kategoritë të ndryshme, me një vlerë totale prej 120.000 denarë, si më poshtë:

  • çmim në kategorinë “artikull ose seri artikujsh”– 40 000 denarë;
  • çmim në kategorinë “emision, shtesë, dokumentar i shkurtër”– 40 000 denarë;
  • çmim në kategorinë “fotografi”- 40 000 denarë;

Afati i fundit për aplikim është 30.06.2020. AFATI PËR APLIKIM SHTYHET DERI MË DATË 25.07.2020.

Fituesit do të shpallen deri  më 25.07.2020.

 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ- Асистент за менаџирање на информации

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) Скопје, објавува оглас за вработување, за една работна позиција „Асистент за менаџирање на информации.

Работната позиција се огласува за потребите за спроведување на проектот “Застапување, обезбедување информации за постапката за азил, правна помош и застапеност на лицата од интерес на УНХЦР” поддржан од канцеларијата на УНХЦР во Скопје, а кој е спроведуван од Македонското здружение на млади правници.

Опис на работни задачи:

  • Прибирање, внесување и сортирање на податоци;
  • Подготовка на статистички податоци за изготвување на извештаи и анализи;
  • Изготвување на графици и графикони поврзани со прибраните и селектирани податоци;
  • Изготвување на инфографици;
  • Работа во Excel и компјутерска поддршка;
  • Обезбедување навремено спроведување на планираните проектни активности;
  • Поддршка на работата на Проектниот Менаџер и Офицер.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование;
  • Минимум 2 години работно искуство (волонтирање и стажирање се смета како соодветно работно искуство), предност имаат кандидатите со искуство во слични позиции како понудената;
  • Напредни компјутерски вештини, сортирање податоци, напредна работа во Excel, солидни познавања во изготвување на инфографици и сортирање податоци;
  • Напредно познавање и користење на работен англиски јазик;
  • Способност за тимска работа;

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија и мотивациско писмо. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работното искуство. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: contact@myla.org.mk, најдоцна до 26.01.2020 година. При доставувањето на апликациите Ве замолуваме мејлот да гласи: Апликација за позиција – Асистент за менаџирање на информации.

Постапка за избор на кандидат:

Комисијата за избор на кандидат ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Со квалификуваните кандидати ќе биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат на кој ќе му биде понудена работната позиција.

Договор за вработување:

Со избраниот кандидат МЗМП ќе склучи договор за вработување на определено време во траење од 11 месеци. Договорот ќе содржи и т.н клаузула за пробна работа во траење од три месеци. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно. Правата и обврските од договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи. За работното место е предвидена бруто плата од 36.000 денари месечно. Работното место е во канцеларијата на МЗМП во Шуто Оризари, Скопје.

Целосниот повик може да го преземете на: ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ- Асистент за менаџирање на информации

ОБУКА ЗА ПРАВНА И ПСИХОСОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ЖРТВИ НА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ -ПОВИК ЗА АДВОКАТИ

ПОВИК ЗА АДВОКАТИ

ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ПРАВНА И ПСИХОСОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ЖРТВИ НА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

 

 I. За пристапот до правда на жртвите на трговија со луѓе

 

Според наодите од МЗМП, откриени се забележителен број на случаи на трговија со луѓе, а активностите на организираните криминални групи кои се занимаваат со криумчарење на мигранти и трговија со луѓе продолжуваат.[1]

Борбата против трговијата со луѓе е тесно поврзана со заштитата на човековите права. Жртвите на трговија со луѓе претставуваат особено ранлива категорија лица на кои им е неопходна заштита, поддршка и посебна грижа, како во процесот на одделување на жртвата од сторителот, така и во подоцнежните фази на рефлексија и закрепнување, ресоцијализација и реинтеграција.

Правната заштита и пристапот на правда за жртвите на трговија со луѓе е отежнат поради повеќе причини. Согласно важечкиот Кривичен законик не постојат одредби со кои се ослободуваат од одговорност жртвите кои во текот на експлоатирањето биле приморани да извршат некое кривично дело. Исто така, жртвите на трговија со луѓе, се соочуваат со проблем при остварување на правото на обештетување кои им следува како на жртви на трговија со луѓе. Дотолку повеќе, РСМ не располага со формален механизам за обештетување на возрасни жртви на трговија со луѓе од страна на државата.

II. Обука на тема „Правна и психосоцијална заштита на жртвите на трговија со луѓе“

 

Mакедонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамките на проектот на УСАИД за заштита на бегалците и мигрантите ги поканува заинтересираните адвокати да изразат интерес за учество на обуката на тема „Правна и психосоцијална заштита на жртвите на трговија со луѓе “.

На обуката ќе се разгледа и дискутира концептот на трговија со луѓе и законското регулирање, психосоцијална заштита, како и обврската на државата за заштита на жртвите на трговија со луѓе согласно Европската Конвенција за човековите права. На овој начин, адвокатите се во можност да ги зголемат своите знаења и вештини за да обезбедат соодветна правна и психосоцијална заштита, како и застапување на жртвите на трговија со луѓе на национално ниво и пред Европскиот суд за човековите права.

Обуката ќе ја водат г-ѓа Софија Арнаудова, професорка на Филозофски факултет – Скопје и адвокат Павлина Зефиќ, двете со повеќегодишно искуство при работа со жртви на трговија со луѓе.

Обуката ќе се одржи од 27ми до 29ти ноември 2019 година (надвор од Скопје), а работниот јазик ќе биде на македонски. Трошоците во однос на организацијата, сместувањето и превозот на учесниците ќе бидат покриени од страна на МЗМП.

МЗМП ги поканува сите заинтересирани адвокати кои имаат познавање и интерес од областа на заштита на човековите права да достават свое резиме/CV на електронската адреса ashumkoska@myla.org.mk најдоцна до 21.11.2019 година. Услов за апликација е адвокатите да не посетувале некоја од обуките кои МЗМП до сега ги има организирано на оваа тема.

Поради ограничен број на учесници, изборот на адвокатите кои ќе се пријават за обуката ќе биде направен по принципот прв дојден, прв услужен.

III. За Македонското здружение на млади правници (МЗМП)

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) е независна, професионална и непрофитна организација која обезбедува правна помош и стратешко застапување за заштита на човековите права. Користејќи го знаењето и иновативните капацитети на младите правници, МЗМП промовира владеење на правото и влијае врз политиките преку истражување и застапување. МЗМП се залага за општество во кое ќе се воспостави владеење на правото и луѓе кои активно се залагаат за почитување на човековите права.

Прилог:

Јавен повик за адвокати за учество на обука за правна и психосоцијална заштита на жртви на трговија со луѓе

Повик за новинари, уредници и фоторепортери за учество на работилница „Известување за заштита на правата на бегалците и лицата без државјанство“

 

Повик за новинари, уредници и фоторепортери за учество на работилница
„Известување за заштита на правата на бегалците и лицата без државјанство“ – 21 ноември 2019

 

Македонското здружение на млади правници во соработка со Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации – УНХЦР објавува повик за новинари и уредници на медиуми за учество на еднодневна работилница за известување за заштита на правата на бегалците и лицата без државјанство. Целта на работилницата е градење на капацитетите на медиумските работници на темите: 1) заштита и интеграција на бегалците и барателите на азил и 2) намалување и искоренување на бездржавјанството.

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Застапување, обезбедување информации за постапката за азил, правна помош и застапеност на лицата од интерес на УНХЦР и превенција и намалување на бездржавјанство “.

Повикот е отворен за сите новинари, уредници и фоторепортери од Република Северна Македонија.

Учесниците на работилницата по нејзиното завршување ќе добијат можност индивидуално да аплицираат за грантови кои ќе се доделат за два типа медимско известување:

  1. ТВ видео сторија, со вклучена анимација/мултимедија. Апликантот за грант ја презема обврската сторијата да се емитува на телевизија или друга online платформа;
  2. Печатена сторија со професионална фотографија и аудио / мултимедијална содржина. Апликантот за грант ја презема обврската сторијата да се објави во печатен или медиум на интернет.

Бројот на грантови е ограничен, а нивната висина е:

  • 1500 долари за продукција на медиумски производи од првиот тип (ТВ видео сторија)
  • 700 долари за продукција на медиумски производи од вториот тип (печатена сторија)

Активностите околу создавањето на медимскиот производ може да започнат на датумот наведен во Договорот за грант, а треба да завршат најдоцна до 31 декември 2019 година.

 

Место и време за одржување на работилницата „Известување за заштита на правата на бегалците и лицата без државјанство“

21.11.2019 година (четврток) со почеток во 9 часот во Хотел АРКА, Скопје

Пријавување за учество на работилница

Формуларот за пријавување е достапен за преземање на: www.myla.org.mk

Пополнетиот формулар за пријавување на работилницата се доставува по електронски пат на: contact@myla.org.mk  

Рок за доставување : 19.11.2019 година до 16:00 часот.

Сите дополнителни информации во врска со доделувањето грантови ќе бидат споделени за време на работилницата. За грантовите ќе можат да аплицираат само професионални новинари, уредници и фоторепортери од Република Северна Македонија кои учествувале на работилницата „Известување за заштита на правата на бегалците и лицата без државјанство“ одржана на 21.11.2019 година.

Видливост и авторски права

Партнерите во проектот „Застапување, обезбедување информации за постапката за азил, правна помош и застапенност на лицата од интерес на УНХЦР и Превенција и намалување на бездржавјанство“ го задржуваат правото дополнително да ги објават продуктите од овој проект делумно, во целост или како референца на нивната веб-страница, социјалните мрежи или во нивните публикации, притоа почитувајќи ги правилата за авторски права.

 

Прилог:

Формулар за пријава