ЗА НАС

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) е независна, непрофитна професионална организација основана во 2003 година, која обезбедува правна помош и стратешки застапува за заштита на човековите права. Со знаењето и иновативните капацитети на младите правици, МЗМП се стреми за промоција и унапредување на принципот на владеење на правото и влијае на јавните политики преку подготовка на истражувања и анализи. МЗМП се стреми за општество во кое владеењето на правото е воспоставено а луѓето проактивно се борат за почитување на нивните основни слободи и права.

ИСТОРИЈА

На 19ти декември 2003 година 10 млади правници во канцеларијата на Американската Адвокатска Асоцијација во Скопје го формираа Македонското здружение на млади правници.

Првата канцеларија на МЗМП е отворена во Скопје Центар (Соборен храм) во 2004 година

МЗМП е прва организација во Македонија која организира обуки за правници и адвокати за ЕСЧП

МЗМП започнува со обезбедување на бесплатна правна помош за најранливите категории и воспоставува практикантска програма во правосудните институции во Република Македонија.

Во 2016 година МЗМП работи во 6 канцеларии, Скопје, Шуто Оризари, Визбегово, Винојуг, Табановце, Гевгелија и има 39 вработени

Во декември 2018 година МЗМП одбележа 15 години од постоењето 18399 лица на кои е обезбедена правна помош, 486 судски постапки,114 публикации, 352 настани…

Силна и искусна организација на мотивирани правници кои се борат за заштита на човековите права и владеење на правото во Македонија

НАША МИСИЈА

МЗМП е водечка организација и сигурен актер во општеството која ги штити човековите права и се залага за владеење на правото, користејќи ја иновативноста и капацитетите на младите правници.

НАША ВИЗИЈА

МЗМП е непрофитна организација која обезбедува правна помош, гради капацитети, поттикнува промени во јавните политики и примената на законодавството, врши застапување за заштита и почитување на човекови права и правна сигурност.

ОБЕЗБЕДУВАМЕ ПРАВНА ПОМОШ ЗА

Баратели на азил
Мигранти
Лица без државјанство
Жртви на трговија со луѓе
Жртви на повреди на човекови права
Жртви на дискриминација
Деца
Социјално и финансиски загрозени лица
Затвореници (осудени лица)
Лица со попречености

ЦЕЛНИ ГРУПИ

Жртви на повреда на човекови права
Маргинализирани групи
Јавни институции
Правници
Граѓански организации

НАШИОТ ТИМ

Почнувајќи од една заедничка визија на неколку млади правници, МЗМП денес е меѓународно препознаена организација која што ги обединува и поврзува сите луѓе кои што ги делат нашите вредности. Неверојатни луѓе, инспиративна работна атмосфера и постојано надоградување се нештата кои му овозможуваат на МЗМП да расте и напредува. Ова се луѓето кои го посветуваат нивното време, талент и ресурси во исполнување на мисијата и визијата на организацијата, ова е нашиот тим:

ПРОГРАМСКИ СОВЕТ

Александра Цветановска

Претседателка на МЗМП

Зоран Дранговски

Раководител за обезбедување фондови и надворешна комуникација

Гоце Коцевски

Програмски директор

Назиф Авди

Програмски координатор

Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ

Програмски координатор

Ирена Здравкова

Програмски координатор

ПРАВЕН ТИМ

Александра Ефремова

Правник

Владимир Ристевски

Правник

Бојана Божиновска Силјановска

Правник

Арбен Гудачи

Правник

Маја Атанасова

Правник

Бојан Трпевски

Правник

Весна Дишлијовска

Правник

Ангела Шумкоска

Правник

Елена Георгиевска

Правник

Душица Нофитоска

Правник

Игор Стојчевски

Правник

Олгица Танчева

Правник

Теодора Ќосева Костадиновска

Правник

Андријана Марковска

Правник

Мартина Дранговска Мартинова

Правник

ФИНАНСИИ И АДМИНИСТРАЦИЈА

Бедрија Колашинец

Финансиски менаџер

Љиљана Цекиќ Лазаровска

Финансиски офицер

Даниела Настевска

Финансиски офицер

КОМУНИКАЦИИ

Нита Чаволи

Офицер за комуникации

УПРАВЕН ОДБОР НА МЗМП

Љупка Андоновска Новеска

Претседател на управен одбор

Диме Ѓорчевски

Член на управен одбор

Борјанка Тодоровска

Член на управен одбор

Ана Божарова

Член на управен одбор