Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Jавна дискусија за примената на бесплатната правна помош во постапка за признавање право на азил

Македонското здружение на млади правници во рамки на проектот „Подобрување на заштитата на правата и услугите на мигрантите и барателите на азил во Македонија“ поддржан од Фондација Отворено општество Македонија, на 12.07.2016 година организираше и оддржa јавна дискусија на тема „Примената на бесплатната правна помош во постапка за признавање право на азил“.

На дискусијата се говореше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат главните актери во системот на бесплатната правна помош за решавање на прашања поврзани со постапката за признавање право на азил во Македонија, а се отворија и прашања за ефектуирање на државниот систем за бесплатна правна помош и овозможување на квалитетна и ефективна правна помош за крајните корисници.

Како учесници на настанот се јавија претставници на здруженија на граѓани и адвокати соодветно запишани во Регистрите на здруженија и адвокати за обезбедување бесплатна правна помош, претставници од Подрачни одделенија на Министерство за правда на Р.Македонија, претставник на Високиот комесаријат на бегалците при Обединети нации, консултант од Фондацијата Отворено општество Македонија, како и експерт во областа на бесплатната правна помош од Твининг проектот за зајакнување на владеењето на правото кој Министерството за правда на Р.М го спроведува заедно со Министерство за правда од Р.Латвија и Р.Хрватска.

Различните професионални профили на учесниците во дискусијата беа обединети во една заедничка кауза – приближување на барателите на азил во Македонија до нејзините институции, информации врзани за нивниот статус и права во државата, како и приближување до постапката за стекнување на правото на азил.

Од плодната дискусија произлегоа заклучоци и препораки кои се однесуваат на потребата од подобрување на Законот за бесплатна правна помош, потребата од подобрување на неговата имплементација и од воспоставување на модел на меѓуинституционална соработка.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.