Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА СОРАБОТНИК ОД УКРАИНА

Македонското здружение на млади правници за потребите на проектот “Застапување за правна помош, изнаоѓање решенија и претставување на лицата кои се од интерес на УНХЦР” и „Застапување и помош за ставање крај на бездржавјанството”, поддржан од Високиот Комесаријат за бегалци при ОН – УНХЦР во Северна Македонија, спроведува јавен повик за ангажирање на соработник од Украина.

Македонското здружение на млади правници од 2010 година е партнер на Високиот Комесаријат за бегалци при ОН за обезбедување на правна помош на лица под мандат на УНХЦР во Република Северна Македонија. Проектот “Застапување за правна помош, изнаоѓање решенија и претставување на лицата кои се од интерес на УНХЦР” и „Застапување и помош за ставање крај на бездржавјанството” се фокусира на заштита и унапредување на човековите права на бегалците, лицата без државјанство и барателите на азил.

На линкот подолу ќе ги најдете сите потребни информации и услови за работниот ангажман:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА СОРАБОТНИК ОД УКРАИНА

Сите заинтересирани кандидати треба да ја достават својата апликација на contact@myla.org.mk до понеделник, 27 мај 2024 година, 16:00 часот по средноевропско време.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.