Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Јавен повик за консултант- Изработка на Преглед на националната политика, законодавство, регулативи и најдобри практики поврзани со вклучување и интеграција на лица на кои им е доделена меѓународна заштита и странци во Северна Македонија

Македонското здружение на млади правници за потребите на проектот “Застапување за правна помош, изнаоѓање решенија и претставување на лицата кои се од интерес на УНХЦР” и „Застапување и помош за ставање крај на бездржавјанството”, поддржан од Високиот Комесаријат за бегалци при ОН – УНХЦР во Северна Македонија, спроведува јавен повик за ангажирање на Консултант за изработка на Преглед на националната политика, законодавство и регулативи и најдобри практики поврзани со вклучување и интеграција на лица на кои им е доделена меѓународна заштита и странци во Северна Македонија

Македонското здружение на млади правници од 2010 година е партнер на Високиот Комесаријат за бегалци при ОН за обезбедување на правна помош на лица под мандат на УНХЦР во Република Северна Македонија. Проектот “Застапување за правна помош, изнаоѓање решенија и претставување на лицата кои се од интерес на УНХЦР” и „Застапување и помош за ставање крај на бездржавјанството” се фокусира на заштита и унапредување на човековите права на бегалците, лицата без државјанство и барателите на азил.

На линкот подолу ќе ги најдете сите потребни информации и услови за работниот ангажман:

Јавен повик за консултант за изработка на Преглед на националната политика, законодавство, регулативи и најдобри практики поврзани со вклучување и интеграција на лица на кои им е доделена меѓународна заштита и странци во Северна Македонија

Сите заинтересирани кандидати треба да ја достават својата апликација на contact@myla.org.mk до вторник, 31 мај 2024 година, 17:00 часот по средноевропско време.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.