Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Одржана обука за правно расудување и аргументирање за млади правници

На 22.02.2024 година, студенти од правните факултети, како и млади дипломирани правници, вработени или ангажирани во правосудните институции и адвокатски канцеларии учествуваа на обука за правно расудување и аргументирање, организирана од страна на Македонското здружение на млади правници.

Оваа обука претставува петта спроведена обука од Курсот за практични правни вештини , преку кои студентите по право и младите правници ќе ги зајакнат способностите за правно пишување, правно говорење, интервјуирање и советување; вештини за судење; правно расудување и аргументирање и правно истражување и етички аспекти на правната професија. 

Во рамки на оваа обука, учесниците имаа можност да ги зајакнат или дополнат своите знаења за облиците за правно расудување и да ги идентификуваат елементите кои се потребни за правилно расудување. Што се однесува до правната аргументација, обработката вклучуваше методи за анализа на правната аргументација, идентификација на претходни правни прашања, како и дискусија за правни ставови и мислења.

Курсот за практични правни вештини се спроведува во рамките на проектот „ Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото“ поддржан од Амбасдата на Кралството Холандија во Скопје.

Овие видови обуки се критични за развојот на новата генерација на правници и за подобрување на квалитетот на правосудството и обезбедуваат вредни сознанија за правните професионалци, нагласувајќи ја важноста од континуирано учење.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.