
ЈАВЕН ПОВИК ЗА УСЛУГА- Продукција на кратко видео и reels за документирање на активностите и успесите на проект за заштита на човековите права на бегалците, лицата без државјанство и барателите на азил
ВОВЕД
Целта на овој повик е да ги наведе условите за аплицирање на Јавен повик за производство на кратко видео (во должина од најмногу 3 минути) заедно со кратки форми за социјалните мрежи кои ќе ги доловат и промовираат активностите и успесите на проектот „Застапување интереси, правна помош и правно застапување на лица од интерес и спречување и намалување на бездржавјанството“. Овој јавен повик е насочен кон подигање на свеста, прикажување на достигнувањата и воопшто поддршката на заштитата на правата на овие лица.
Македонското здружение на млади правници од 2010 година е партнер на Високиот Комесаријат за бегалци при ОН за обезбедување на правна помош на лица под мандат на УНХЦР во Република Северна Македонија. Проектот „Застапување интереси, правна помош и правно застапување на лица од интерес и спречување и намалување на бездржавјанството“ се фокусира на заштита и унапредување на човековите права на бегалците, лицата без државјанство и барателите на азил.
ЦЕЛИ
Клучни цели на ова видео и reels за социјалните мрежи:
- Да ги документира и прикаже активностите, иницијативите и достигнувањата на проектот за заштита на човековите права на бегалците, лицата без државјанство и барателите на азил.
- Да придонесе да се подигне свеста и да се промовира поддршката за каузата кај широката публика.
- Да се вклучат и инспирираат гледачите преку наративи, сведоштва и визуелизација на податоци.
- Да се усогласи со мисијата на проектот за создавање инклузивно и емпатично општество.
ОБЕМ НА РАБОТА
Услугата треба да ги содржи следниве компоненти:
- Кратко видео (максимум 3 минути)
- Серија reels за социјалните мрежи кои ќе бидат изведени од главното видео.
- Инкорпорирање на лични приказни, успешни приказни, интервјуа и проектни активности.
- Употреба на визуелизација на податоци за прикажување на клучните статистики и факти.
- Соодветна музика во заднина за подобрување на емоционалниот ангажман.
- Професионален квалитет на видео и звук.
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
- Искуство: Продукцискиот тим треба да има докажано искуство во создавање влијателни и емотивно привлечни видеа и содржини на социјалните медиуми, особено во контекст на хуманитарни цели.
- Креативен концепт: Предлогот треба да содржи јасен и иновативен креативен концепт за видеото, со акцент на раскажување приказни, интервјуа со сведоштва и визуелизација на податоци за да се вклучи публиката.
- Нарација и сценарио: Докажана способност да се обезбеди добро напишано сценарио и нарација што ефективно ги пренесува мисијата и достигнувањата на проектот.
- Техничко владеење: Докажана техничка експертиза во видео продукција, уредување на звук и визуелизација на податоци.
- Тим и ресурси: Достапност на квалификуван тим и потребни ресурси за завршување на проектот во дефинираниот временски рок.
- Буџет: Предлогот треба да содржи детален буџет кој ги прикажува сите трошоци и расходи поврзани со проектот.
АПЛИКАЦИЈА И ВРЕМЕНСКИ РОК
Краен рок за доставување на апликација: петок, 10.11.2023
Известување за избор: среда, 15.11.2013
Рок за испорака: недела, 26.12.2023
Апликациите да се достават на ncavolli@myla.org.mk и bkolashinac@myla.org.mk со subject „Апликација за ЈАВЕН ПОВИК ЗА УСЛУГА – Продукција на кратко видео и reels за документирање на активностите и успесите на проект за заштита на човековите права на бегалците, лицата без државјанство и барателите на азил”
ИЗВЕСТУВАЊЕ И КОМУНИКАЦИЈА
Од избраниот апликант ќе се очекува редовно да комуницира со проектниот тим и да известува за напредокот на продукцијата на видеото.
ДОВЕРЛИВОСТ
Сите информации обезбедени од апликантите ќе се третираат како доверливи и ќе се користат исклучиво за целите на овој процес на селекција.
ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ
Организацијата го задржува правото да одбие еден или сите предлози и не е обврзана да го прифати предлогот со најниска цена.