Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Повик за изработка на веб страница, одржување и техничка поддршка при управување со веб страницата

Македонското здружение на млади правници за потребите на проектот на UNHCR “Advocacy, legal assistance and representation to PoCs andPrevention and Reduction of Statelessness’’ има потреба од изработка на веб – страница, нејзино одржување, хостирање, и техничка поддршка при управувањето со веб – страницата.

Информации и услови за понудите:

За веб страната:

Дизајн и изработка на платформата (согласно претходно утврден site map)

Кориснички интерфејс

Домеин и хостирање

Одржување на Веб страната за период од една година.

На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани правни лица и физички лица.

Понудата треба да вклучува и цена за изработка на веб страницата согласно горенаведените спецификации. Рокот на испорака треба да биде најдоцна до 15.10.2023 година.

Понудата треба да ги содржи следниве информации:

–           Финансиска понуда

–           Tековна состојба на добавувачот доколку се работи за правно лице

–           Потфролио од релевантните проекти изработени од правниот субјект или физичко лице

Критериум за избор:

•           Најдобра цена за квалитет: Во случај две понуди да се многу близу во однос на понудениот квалитет, ќе биде избрана онаа со пониска цена.

•           Kвалитет

Проектите финансирани од УНХЦР се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.

Понудата треба да се достави во рок од 8 дена од датумот на повикот, не подоцна од 18.09.2023 до 16:00 часот. Понудите се доставуваат во електронска форма на contact@myla.org.mk Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.