
ЈАВЕН ПОВИК ЗА УСЛУГА ОД ОБЛАСТА НА ВЕБ ДИЗАЈН
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) како партнер на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци -УНХЦР го спроведува проектот ”Застапување за правна помош, изнаоѓање решенија и претставување на лицата кои се од интерес на УНХЦР и Застапување и помош за ставање крај на бездржавјанството”, спроведува:
Јавен повик за услуга од областа на веб дизајн
Опис на ангажманот:
Ангажманот се состои од изработка на внатрешна страна со три подстрани во постоечката веб страна на здружението.
Временска рамка:
Дизајнерот/илустраторот треба да го достави завршениот материјал заклучно со понеделник, 18.06.2023 година.
Потребни документи:
1. Портфолио и/или CV (линк или пдф)
2. Финансиска понуда
Услови за пријавување:
1. Минимум 3 години искуство во изработка на веб страни
Достава на апликација:
Заинтересираните лица треба да ја испратат својата апликација на ncavolli@myla.org.mk и bkolashinac@myla.org.mk најдоцна до 14.06.2023 (среда) со назнака „Апликација за изработка на веб страна“.
МЗМП го задржува правото да ги исконтактира само оние кандидати кои што ги исполнуваат условите.