ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧИ НА ТЕМИ ПОВРЗАНИ СО ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот Младински активизам за позелени општини финансиски поддржан од Европската Унија со договор бр. IPA/2021/430-653 на 13.03.2023 година објавува
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧИ НА ТЕМИ ПОВРЗАНИ СО ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА
1. Општи информации за Проектот
Проектот Младински активизам за позелени општини(во понатамошниот текст Проектот) е акција финансиски поддржана од Европската Унија со договор бр. IPA/2021/430-653 во рамки на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2020 – Support to civic youth initiatives, activism and volunteering in local communities. Проектот ќе се спроведува во периодот од 1 јануари 2022 до 30 јуни 2024 година од страна на Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина ГОУ ГРИН, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив.
Општа цел на Проектот е да го зајакне влијанието на младинските активисти и младинските организации во политиките и процесите за заштита на животната средина кои се спроведуваат на локално ниво. Проектот ги има следниве посебни цели: (1) Зајакнување на капацитетите на младинските активисти и младинските организации за спроведување на ефективни активности за застапување на локално ниво; (2) Воспоставување на партнерство помеѓу клучните засегнати страни заради обезбедување спроведување на стандардите воспоставени во Поглавјето 27 од европското acquis во најмалку 12 општини и (3) Зголемување на бројот на иницијативи за заштита на животната средина од страна на младински активисти и младински организации на локално ниво.
2. Опис на активноста предмет на овој повик
МЗМП ќе спроведува тренинг програма за зајакнување на капацитетите на млади адвокати и правници кои имаат интерес и се подготвени да работат на теми поврзани со правната заштита на животна средина. Тренинг програмата опфаќа целина од меѓусебно поврзани обуки кои ќе овозможат стекнување на знаење и вештини.
Активноста кој е предмет на овој јавен повик вклучува ангажман на обучувачи на теми поврзани со правната заштита на животна средина, кој ќе се спроведе во период од април- јуни 2023 година. За спроведување на обуките е подготвен тренинг курикулум.
Обуките ќе се спроведуваат online на следните теми:
3. Информации за ангажман на обучувачи
Теми на обуките: |
1. Вовед во правото за заштита на животната средина – меѓународни стандарди |
2. Национална правна и институционална рамка за заштита на животната средина |
3. Правна рамка за квалитетот и заштитата на амбиенталниот воздух |
4. Загадувачи и контрола – Надлежности и постапки |
5. Зачувување на природата и дивиот свет – Постапки за заштита |
6. Правна рамка за управувањето со отпад |
Опис и работни задачи на ангажман на обучувачите
- Да спроведе план и практични вежби за спроведување на обуката во согласност со тренинг курикулум;
- Да спроведе обука која ќе се одржи online за млади адвокати и правници на наведената тема;
- Да подготви извештај за спроведената обука.
Потребни квалификации за обучувачите
- Завршено високо образование во областa на правото или друга област поврзана со темата за која се пријавува обучувачот;
- Завршени постдипломски студии во областа ќе се сметаат за предност;
- Најмалку 7 годишно работно искуство во областа на заштитата на животна средина;
- Искуство во планирање, спроведување и евалуирање на обуки и работилници вклучувајќи и познавање на методологија за обучување;
- Најмалку 3 спроведени обуки на теми поврзани со правна заштита на животната средина;
- Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини.
- Познавање на англиски јазик.
4. Временска рамка и надомест
Обуките ќе се спроведуваат во периодот април- јуни 2023 година.
Утврдувањето на работните денови и конкретните датуми за спроведување на обуките ќе бидат договорени во координација со проектниот тим.
Надоместокот за еден ден не може да надминува износ поголем од 100 ЕУР.
Начин на пријавување, евалуација на биографиите и контакт лице
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат критериумите наведени во точка 3 од овој документ, треба да достават детална биографија во која ќе бидат наведени референци со кои се потврдува исполнувањето на условите. Еден кандидат може да аплицира за обучувач на повеќе теми.
Документите треба да се достават на е-пошта: contact@myla.org.mk со назнака Апликација за oбучувач (назив на темата за која се аплицира). Рокот за аплицирање е заклучно со 23ти март 2023 година. Рокот за аплицирање се продолжува заклучно со 31.03.2023 година.
Пристигнатите биографии ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија основана од Управниот одбор на МЗМП.
Контакт лице е Весна Дишлијовска, проектен менаџер, е-пошта: vdislijovska@myla.org.mk, тел: 02/3220-870.