Дек
20
2022
Прирачник за поднесување идивидуална жалба пред Комитетот за човекови права при ОН- Плод на заедничките заложби на МЗМП и Министерството за правда за заштита на човековите права

Но, како здружение кое повеќе од 10 години дава бесплатна правна помош и спроведува активности за подобрување на пристапот до правда на граѓаните- препознаваме дека не секој граѓанин знае како да постапи, како да се заштити или како да побара остварување на некое право.
Затоа, тргнувајќи од заедничките заложби за промовирање и унапредување на заштитата на човековите права и остварување на начелото на владеење на правото, во соработка со Министерство за правда изработивме Прирачник за поднесување индивидуална жалба пред Комитетот за човекови права при Обединетите нации.
Прирачникот е заснован на Меѓународниот пакт за граѓански и политички права во кој се утврдени права помеѓу поединецот, извршната власт и правосудниот систем; права што ја објаснуваат положбата на поединецот во општеството, како и права што ја прикажуваат суштината на фундаменталните слободи и права на поединецот.
Прирачникот е исто така заснован на првиот Факултативен протокол кој ја утврдува можноста на секој поединец да поднесе индивидуална жалба до Комитетот за човекови права, да даде едноставни насоки и чекори за постапување во процесот, но и да послужи како едукативен и информативен материјал за промоција на механизмите за заштита на човековите права.
Погледнете го Прирачникот тука и дознајте како и каде да ја поднесете индивидуалната жалба доколку некое е од споменатите права ви се повредени.