Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Младински активизам за позелени општини во Крива Паланка

Во текот на вчерашниот ден (9.11.2022) во Europe House Крива Паланка со Советот на Млади – Крива Паланка, општина Крива Паланка и Go Green – Биди Зелен разговаравме за важноста и влијанието на младите во процесите на креирање политики за заштита на животна средина на локално ниво, еко-проблемите и предизвиците со кои се соочуваат, како и улогата на локалниот младински совет во овие процеси.  

Во тек е подготовка на Програмата за работа на Советот на Млади за 2023 година и ги утврдивме модалитетите на заедничка соработка и придонес за зајакнување на капацитетите на Советот на млади од една страна, но и преземање на конкретни чекори за позелена општина од друга страна.  

Прашањата за животна средина, младинското учество и креирање политики на локално ниво во оваа област се поставени на високо ниво при работата на општина Крива Паланка и локалниот младински совет и со заедничка соработка ќе придонесеме кон исполнување на поставените цели. 

Благодарност до општина Крива Паланка за поддршката при спроведување на проектот “Младински активизам за позелени општини” кој е поддржан од Европска Унија. 

#eu4yоu #ЕУзаТЕБЕ #EUGreenDeal  #EuropeanYearOfYouth  #EYY2022

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.