Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ЈАВЕН ПОВИК ЗА 2 (две) истражувачки позициии за подготовка на основен извeштај (baseline report)

Македонско здружение на млади правници , за потребите на проектот “Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото” на 21.09.2022 објавува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА 2 (две) истражувачки позициии за подготовка на основен извeштај (baseline report)

  1. Опис и цели на проектот

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) го спроведува проектот „Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје кој ќе се спроведува во периодот од 1 јули 2022 година до 31.12.2024 година.

Основна цел на Проектот е да се зајакне улогата на студентите по право и младите правници во унапредување на заштитата на човековите права и промовирање на владеењето на правото. Специфичните цели на Проектот се: (1)  Усогласување на правната рамка со најдобрите ЕУ практики во поглед на правните студии и условите за влез во правните професиии, вклучувајќи ги и студиските програми на правните факултети; (2) Поддршка на професионалниот развој на студентите по право и  правници; и (3) Зголемување на учеството на младите правници во заштита на јавниот интерес во процесите на креирање политики на централно и локално ниво.

2. Опис на активноста предмет на овој повик

Ангажманот предмет на овој јавен повик опфаќа спроведување на основна студија (baseline study) заради утврдување на почетната состојба во поглед на начинот на кој се организирани правните студии како и правната рамка за пристап до правничките професии.  Основната студија (baseline study) претставува анализа на состојбата во одреден општествен контекст пред интервенција со проекти. Основната студија овозможува правилно планирање на проектните активности, како и следење и  оценка дали проектот предизвикува одредена промена. Дополнително, базичната студија ги определува почетните и целните вредности на проектните индикатори.

За подготовка на студијата ќе бидат ангажирани двајца истражувач(к)и.

3. Работни задачи и очекувани продукти (Deliverables)

Заради исполнување на ангажманот предмет на овој јавен повик, истражувач(к)ите ќе треба да ги спроведaт следниве работни задачи:

  • Разработка на методологија за спроведување на основната студија согласно насоките добиени од МЗМП;  Методологијата треба јасно да ги дефинира истражувачките цели и прашања, методите на прибирање податоци, истражувачкиот примерок како и истражувачките инструменти во соработка и координација со проектниот тим;
  • Идентификување и анализа на релевантната правна рамка како и актите на високо образовните установи  со кои се уредуваат студиските програми на правните факултети;
  • Прибирање квалитaтивни и квантитативни податоци преку on-line прашалници, спроведување интервјуа со претставници на правните факултети и една фокус групa со претставници на правосудните институции;
  • Публикување на наодите од студијата во основен извештај (baseline report). Работните задачи ќе се спроведат во соработка и со поддршка од тимот на МЗМП.

3. Потребни квалификации

Истражувач(к)ите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

  • Завршено високо образование во областа на правните науки. Завршени магистерски/докторки студии во областа ќе се сметаат за предност;
  • Најмалку 10 години професионално искуство;
  • Напредни истражувачки и аналитички способности;
  • Искуство во изработка и подготовка на извештаи, анализи, полиси документи;
  • Познавање на говорен и пишан англискиот јазик.

Како референца за искуство, кандидатот/ките е потребно да достават примерок од изготвени материјали како доказ дека ги исполнуваат условите.

4. Временска рамка, договор и плаќање

Работниот ангажман ќе биде спроведен во вкупно 14 работни денови (7 денови од истражувaч/ка) во периодот од 3 октомври до 5 ноември 2022. За секој работен ден предвиден е надоместок во висина од 9.000 денари од  истражувч/ка.

Правата и обврските кои произлегуваат од ангажманот ќе бидат уредени со договор за дело. Истражувач(к)ите ќе имаат обврска да доставуваат месечни извештаи (time-sheets) за изработените работни задачи на англиски јазик и на обрасци доставени од проектниот тим најдоцна до 5ти од месецот за претходниот месец.

Исплатата ќе се врши еднаш месечно, за изработените денови, а по одобрувањето на месечниот извештај од страна на проектниот тим. 

5. Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Овој повик е јавен.

Заинтересираните кандидат(к)и кои ги исполнуваат условите наведени во точка 4 од овој повик, потребно е да достават биографија. Во прилог на биографијата кандидатот/ката треба задолжително да достави примерок/активен линк од документите наведени во точка 4 од овој јавен повик во чија изработка учествувал/а. Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: contact@myla.org.mk со назнака “Апликација за истражувач/истражувачка”.

Рокот за аплицирање е 28.09.2022 година до 14:00 часот.

Пристигнатите биографии ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија основана од Управниот одбор на МЗМП. Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување на кандидатите.

Контакт лице:

Ангела Шумкоска, Проектен директор, тел: 02/3220-870, е-пошта: ashumkoska@myla.org.mk .   

Јавниот повик можете да го преземете тука.

NO COMMENTS

POST A COMMENT