Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Акција за унапредена правна и институционална заштита на водите и иституционална заштита на водите- нов проект на МЗМП

Проектот „Акција за унапредена правна и институционална заштита на водите“ кој започна во јуни 2022 година и ќе трае до ноември 2022 година, е насочен кон поддршка на Секторот за води во рамки на Министерството за животна средина и просторно планирање во поглед на подготвување на подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за водите. Преку (1) унапредување на подзаконските акти кои произлегуваат од Законот за водите, (2) поддршка на внатрешната организација и работа на Секторот за води во рамки на Министерството за животна средина и просторно планирање и (3) информирање на граѓаните за зголемена заштита на водите преку ново воспоставените правила, проектот се стреми да ја зајакне правна и институционална рамка за управувањето и заштитата на водите.

МЗМП и Секторот за води ќе соработуваат при изработувањето на подзаконскиот акт за:

  • техничките услови, начинот и постапката за мерење на зафатените или исцрпените количества на вода кои се користат за наводнување (член 151 од Законот за водите)
  • техничките услови, начинот и постапката за мерење на количествата вода кои се испуштаат од одводнување (член 152 од Законот за водите)

Проектот ќе негува инклузивен пристап при изработувањето на подзаконските акти преку одржување консултативни состаноци со засегнатите страни и одржување јавна расправа пред финализирање на подзаконските акти. Засегнатата јавност ќе биде постојано информирана за активностите и одржаните состаноци, а проектот е отворен за доставување мислења и ставови за прашањaта кои ќе се обработуваат во било кој момент од спроведувањето на проектот.

Лице за контакт: Бојан Трпевски емаил: btrpevski@myla.org.mk тел: 074 601 004

NO COMMENTS

POST A COMMENT