Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ за спроведување анкетно истражување со вработени во Секторот за води во Министерството за животна средина и просторно планирање

Македонското здружение на млади правници (МЗМП), за потребите на проектот „Акција за унапредена правна и институционална заштита на водите“ финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество-Македонија, спроведува постапка за прибирање на понуди.

  1. Опис на проектот

Проектот „Акција за унапредена правна и институционална заштита на водите“ кој го спроведува Македонското здружение на млади правници со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија цели кон зајакнување на правната и институционалната рамка за управувањето и заштитата на водите. Ваквата цел ќе се оствари преку (1) унапредување на подзаконските акти кои произлегуваат од Законот за водите; (2) поддршка на внатрешната организација и работа на Секторот за води во рамки на Министерството за животна средина и просторно планирање; и (3) информирање на граѓаните за зголемена заштита на водите преку ново воспоставените правила

2. Опис на активноста предмет на овој повик

Ангажманот вклучува спроведување на анкетно истражување со сите вработени во Секторот за води во рамки на Министерството за животна средина и просторно планирање. Секторот за води има 20 вработени службеници.

Целта на истражувањето е да се приберат информации во врска со човечките, просторните и техничките капацитети на Секторот за води, моменталната состојба во однос на вложување и унапредување на човечките ресурси (број и исход на обуките кои службениците ги посетиле) како и да се проценат потребите на Секторот за води со цел соодветно да одговори на на обврските од законските надлежности.

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик, експертот/ката ќе треба да ги спроведе следниве работни задачи:

  • Разработка на детална методологија со истражувачки план за спроведување на анкетно истражување (избраното лице треба да го предложи најефикасниот начин за спроведување на прашалникот, електронски или во хартиена форма) со вработените во Секторот за води;
  • Изработка на истражувачки инструмент (прашалник) во соработка со проектниот тим вклучувајќи и формулирање на прашањата кои ќе бидат дел од анкетниот прашалник;
  • Сумарен извештај од спроведениот анкетен прашалник (статистика и заклучоци)
  • Дистрибуција на целосната база на добиени податоци (пополнетите анкетни прашалници) до МЗМП
  • Учество на работна средба со претставници на Министерството за животна средина и просторно планирањe – Сектор за води за валидација на наодите од истражувањетo

3. Право на учество

Право да достави понуда има секое домашно правно или физичко лице лице.

Доколку понудувач е правно лице, тоа треба:

  • Да е регистрирано најмалку 1 година пред доставувањето на ова барање и претежната дејност да му е спроведување на анкети или да има претходно искуство со спроведување на анкетни прашалници;
  • Да има претходно спроведено најмалку 5 (пет) анкети.
  • Да предложи лице – истражувач

Доколку понудувач е физичко лице истото треба претходно да има искуство во организирање и спроведување на најмалку 5 (пет) истражувања и/или анкети.

4. Профил и потребни квалификации

Истражувачот/ката треба да ги исполнува следниве квалификации:

  • Завршено високо образование во областа на општествените науки, правото, политичките науки со минимален степен магистер;
  • Напредно познавање и служење со Англиски јазик. Поседување на меѓународно признат сертификат ќе се смета за предност; 
  • Најмалку три години работно искуство во планирање и спроведување на анкетни истражувања;
  • Познавање на on-line алатки за прибирање податоци (Пр. survey monkey и слично);
  • Развиени истражувачки и аналитички вештини.

5. Временска рамка

Испораката на услугите треба да се заврши во рок од 1 (еден) месец од потпишувањето на договорот, но не подоцна од 30 септември 2022 година.

6. Сопственост

Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останe во сопственост на МЗМП. Вршителот на услуги се согласува да не ги користи продуктите надвор од ангажманот без претходна писмена согласност од МЗМП.

7. Надомест

Вкупниот надомест за извршените услуги не смее да ја надминува сумата од 58.910,00 денари со вклучен ДДВ, односно ПДД.

8. Изготвување и поднесување на понудите

Понудата треба да содржи:

  1. Тековна состојба (доколку понудувачот е правно лице)
  2. Предлог за начин на спроведување на анкетниот прашалник и образложение за предложениот начин
  3. Финансиска понуда (изразена во денари со вклучен ДДВ, односно ПДД)
  4. Портфолио за претходни сродни ангажмани
  5. Работна биографија на истражувачот/ката

Понудата треба да се достави по електронски пат, на е-пошта: btrpevski@myla.org.mk и dnastevska@myla.org.mk со назнака: Понуда за спроведување анкетен прашалник. Понудите треба да се достават најдоцна до 27.08.2022 година до 23:59 часот. Рокот за доставување понуди се продолжува до недела, 04.09.2022 година до 23:59 часот.

9. Процес на селекција и бодување

Пристигнатите понуди ќе бидат оценети во рок од 3 дена по завршувањето на рокот од точката 7 од ова барање. Понудите ќе се оценуваат според следните критериуми:

  1. Понудена цена (најмногу 70 бода)
  2. Евалуација на портфолиото на понудувачот (најмногу 30 бода)

Понудите од понудувачите кои не ги исполнуваат условите од точка 3 од ова барање нема да бидат разгледувани.

Понудувачите ќе бидат известени за исходот од оценувањето на понудите.

Лице за контакт за барањето: Бојан Трпевски – btrpevski@myla.org.mk 074 601 004

Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

NO COMMENTS

POST A COMMENT