Лансирана е Мрежата на ERRC за заштита за Ромите

Будимпешта, Брисел, 8 април 2022 година: Денес, на Меѓународниот ден на Ромите, по првиот состанок кој се одржа во хибриден формат во Будимпешта, започнаа активностите на Мрежата на за правата на Ромите. Мрежата вклучува 18 организации за човекови права од 15 различни земји со цел да ги обедини активистите Роми и не-Роми, кои се борат за заштита на човековите права на Ромите низ цела Европа. „Секој кој следи што се случува во Европа денес, може да воочи дека човековите права – правата на Ромите – се под поголема закана од оние кои сакаат да ни ги ускратат овие права отколку кога било во последниве години. Активистите за човекови права одново докажуваат дека активното бранење на правата на Ромите преку акција, а не само со зборови или политички аспирации, носи реални и значајни промени за ромските заедници кои се најзагрозени. Оваа мрежа има толку многу потенцијал да ги обедини овие храбри активисти за човекови права кон заедничка цел, вкоренета во цврстата верба во антирасизмот, антифашизмот и непобитноста на основните права за секого“, рече претседателот на ERRC, Ѓорѓе Јовановиќ.

Мрежата за правата на Ромите постои за да промовира пристап кон ромскиот активизам заснован на човековите права. Нејзини членови се организации предводени од Ромите, како и групи за човекови права фокусирани на подобрување на пристапот до основните права за ромските заедници. Мрежата има за цел да влијае за заштита на човекови права на Ромите во Европа, да ги зајакне напорите за застапување засновани на права, да поттикне дебата за правата на Ромите и да води судски спорови за заштита на човековите права како алатка за активизам.

Мрежата ја води Европскиот центар за правата на Ромите (Еuropean Roma Rights Center- ERRC) кој делува како рамноправен партнер заедно со другите членови. Предвидено е мрежата да расте и членовите се отворени за нови партнерства со непрофитни организации насочени кон човековите права кои се активни во заштитата на правата на ромските заедници.

Мрежата за правата на Ромите на ЕРРЦ се состои од:

European Roma Rights Centre, Белгија

Equal Opportunities, Бугарија

Organization Drom, Бугарија

Forum for Human Rights, Чешка Република

The Finnish Roma Association, Финска

La Voix des Rroms, Франција

Rom e.V, Германија Greek Helsinki Monitor, Грција

Hungarian Civil Liberties Union, Унгарија

Associazione 21 luglio Onlus, Италија

Naga, Италија

Македонско здружение на млади правници, Северна Македонија

RomaJust, Романија Group for Children and Youth Indigo, Србија

Vojvođanski Romski Centar, Србија

EduRoma, Словакија

Fundación Secretariado Gitano, Шпанија

Vested, Украина

Контакт за повеќе информации или интервју:

Jonathan Lee (in English) Advocacy & Communications

Manager European Roma Rights Centre

jonathan.lee@errc.org +32 49 288 7679

Александра Цветановска

Претседателка

Македонско здружение на млади правници

acvetanovska@myla.org.mk

m: +389 75 427 735