Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

Македонско здружение на млади правници (МЗМП), објавува јавен повик за практикантска работа во здружението. МЗМП нуди позитивна работна средина, простор за професионална и лична надградба, како и менторство и поддршка во исполнување на работните задачи.

Услови за пријава:

  • Завршен минимум прв циклус на правни студии;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Основно познавање на Microsoft Office;
  • Интерес во областа на заштитата на човековите права;
  • Подготвеност за работа со луѓе со различна културна и социјална позадина;
  • Подготвеност за индивидуална и тимска работа;
  • Посветеност и одговорност кон доверените работни задачи.

Опис на работни задачи:

  • Истражување и собирање на податоци, на релевантни теми од областа на правото и заштитата на човековите права;
  • Поддршка на правниците во здружението при давање на правна помош;
  • Поддршка на вработените на здружението при спроведување на тековните активности;
  • Поддршка при организација на обуки и настани;
  • Административни и технички работи поврзани со работата на здружението.

Рок и потребни документи за аплицирање

МЗМП ги повикува сите заинтересирани млади дипломирани правници да испратат резиме/CV и мотивациско писмо (не подолго од 1 страна) на електронската адреса ashumkoska@myla.org.mk најдоцна до 31.03.2022 година.

Договор за практикантска работа и надоместок

Со избраниот кандидат МЗМП ќе склучи договор за практикантска работа во траење од 3 месеци. За практикантот/тката е предвиден месечен надоместок во согласност со Законот за практикантство.

За Македонското здружение на млади правници

Македонско здружение на млади правници (МЗМП) е невладина организација, формирана со цел зајакнување на придонесот на младите правници во унапредување на правничката професија, заштита на човековите права и слободи и унапредување на принципот на владеење на правото во Република Северна Македонија преку учество и работа на конкретни проекти. Во своето работење МЗМП става посебен фокус на континуирана едукација на младите правници.

Повикот можете да го преземете тука.

NO COMMENTS

POST A COMMENT