ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ЗИМСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

Македонско здружение на млади правници (МЗМП) во соработка со Европско здружение на студенти по право во РСМ (ЕЛСА РСМ), објавува јавен повик за пријава за учество на зимски универзитет.

Универзитетот е наменет за студенти по право и млади дипломирани правници со цел да ги зголеми нивните знаења и вештини за конкретни правни области. Истиот ќе се одржува како двонеделна програма во период од 24.02.2022 – 04.03.2022 година. Во рамки на универзитетот ќе има 3 (три) модули во следниве области:

  • Дигитални права и заштита на лични податоци;
  • Азил и миграции;
  • Заштита на животната средина.

За секој модул предвидена е 1 (една) онлајн обука и 1 (една) работилница со практични вежби која ќе се одржи со физичко присуство.

Од студентите по право и младите дипломирани правници се бара подготвеност да се обврзат на учество во период од 2 недели, на сите 3 предвидени модули. На секој од учесниците ќе биде доделена диплома.

МЗМП ги повикува сите заинтересирани студенти по право и млади дипломирани правници да испратат свое резиме/CV и да испратат пополнет формулар (во прилог), на електронската адреса amarkovska@myla.org.mk или на ул. Донбас бр.14 1/6, 1000 Скопје, најдоцна до 17.02.2022 година. При одржување на работилниците со физичко присуство, патните трошоци за учесниците од градови надвор од Скопје ќе бидат покриени од МЗМП.

Бројот на учесници кои ќе може да учествуваат на Универзитетот е ограничен. Избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Универзитетот се организира во рамки на проектот “Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

МЗМП е невладина организација, формирана со цел зајакнување на придонесот на младите правници во унапредување на правничката професија, заштита на човековите права и слободи и унапредување на принципот на владеење на правото во Република Северна  Македонија преку учество и работа на конкретни проекти. Во своето работење МЗМП става посебен фокус на континуирана едукација на младите правници.

EЛСА Северна Македонија е организација со специфични цели во работењето и е единствена НВО целосно посветена на студентите по право како своја таргет група. ЕЛСА им нуди најразлични можности за стекнување ново искуство, како на национално така и на интернационално ниво, преку учество и организирање на бројни семинари, конференции, програми за развивање вештини за правно пишување, програми за размена, пракси, тренинзи итн. Исто така, преку соработката со други владини и невладини организации, ЕЛСА ги истражува можностите за работни места за своите членови и им овозможува да го завршат Правниот факултет со колку што е можно повеќе теоретско и практично знаење за нивната идна професија.

Прилози:

Формулар за пријава

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ЗИМСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

НАПОМЕНА

Работилниците ќе бидат организирани во согласност и со почитување на сите мерки и препораки дадени од страна на Владата на РСМ со цел заштита и превенција од ширење на КОВИД 19 вирусот.

Јавното здравје е наша заедничка одговорност и секој од нас може да придонесе за спречување на ширење на вирусот со одговорно почитување на сите мерки и препораки.