Јавен повик за учество на онлајн едукативна сесија за граѓански организации на тема „Правото на мирен собир во Северна Македонија“

Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот „Новите технологии и правото на собир во Северна Македонија“ поддржан од Европскиот центар за непрофитно право (ECNL), објавува повик за учество на онлајн едукативна сесија на тема „Правото на мирен собир во Северна Македонија“.

Еднодневната едукативна сесија ќе се одржи на 10ти ноември, со почеток од 13:00 – 14:30 часот, на платформата ЗУМ.

Сесијата е наменета за претставници на граѓанското општество. За време на сесијата, учесниците ќе се стекнат со знаења за клучните концепти на правото на мирен собир, меѓународната и домашната правна рамка и ќе бидат покриени најпоставуваните прашања на оваа тема.

Сите заинтересирани лица да го пријават своето учество на следниов линк: https://forms.office.com/r/4K1yVWe4kd