Oдржана обука за зајакнување на вештините и капацитетите на младите правници

Од 19ти до 21ви октомври во Охрид, МЗМП спроведе дводневна обука за зајакнување на вештините и капацитетите на младите правници за Сензибилизација, Практични правни вештини и основни етички вредности на правната професија и Вештини за барање на работа во правната професија.

Обуките се дел од Практикантската програма која се одвива во рамки на проектот „Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.

На обуките присуствуваа 14 млади правници кои се учесници во петиот циклус на практикантската програма.

Обуката се спроведе со почитување на сите мерки и препораки од Владата на РСМ за одржување на обуки и семинари. Со цел дополнителна заштита и превенција сите учесници беа тестирани и имаа негативен тест за Ковид 19.

Обучувачи на дводнeвната обука :

1. Вештини за барање на работа во правната професија – обучувач Искра Конеска – специјалист за човечки ресурси

2. Сензибилизација при работа со маргинализирани групи – обучувачи Маја Атанасова – правник во МЗМП и Јана Зенговска – психолог

3. Практични правни вештини и основни етички вредности на правната професија – обучувач Адвокат Павлина Зефиќ од Скопје