Јавен повик за експертска позиција за проценка на потребите на граѓанските организации

                                      Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите од спроведување на проектот „Граѓански организации во акција за климата“ поддржан од the Swedish International Development Cooperation Agency, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопјe и Македонското здружение на млади правници, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За (1) експертска позиција  за проценка на потребите на граѓанските организации

 

  1. Опис и цели на проектот

Општата цел на проектот е зајакнување на улогата на граѓанското општество во процесот на декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, за создавање на чиста животна средина, поттикнување на зелената економија и подобрување на здравјето на граѓаните во државата.

Една од посебните цели на проектот е поттикнување на  учество на граѓанските организации во носење на одлуките поврзани со климатските промени, како и преку подобрување на капацитетите, знаењата и вештините, пружање поддршка на граѓанските организации за преземање на активности на локално ниво.

Втората посебна цел е подигање на јавната свест за можностите на постоење на зелени економии со ниско ниво на емисии, како и притисок на јавноста врз институциите со цел развој на политики и програми во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација.

  1. Опис на активноста предмет на овој повик

Ангажманот во овој повик е предвиден заради процена на потребите на граѓанските организации во врска со нивната подготвеност и знаење од областа на климатски промени. Целта е да се оцени потребата од обуки, менторство и грантирање и програмата да се прилагоди на потребите на граѓанските организации.

  1. Опис и работни задачи за проценка на потребите на граѓанските организации

Заради исполнување на ангажманот предмет на повикот, експертот треба да ги изврши следните работни задачи:

  • Да ги идентификува организациите кои работат или започнуваат со работа во областа за заштита на животната средина;
  • Да состави прашалник со кој ќе изврши проценка на потребите, знаењето и подготвеноста на организациите за работата во областа клима и климатски промени;
  • Да спроведе најмалку пет фокус групи со претставници на организациите со цел на прецизно доплнување на сознанијата добиени од прашалниците;
  • Да подготви анализа и препораки врз основа на кои ќе се подготви програма за поддршка на организациите.
  1. Потребни квалификации

Експертот треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Високо образование од областа на општествените науки;
  • Најмалку 3 години работно искуство во граѓанска организација или со граѓански организации;
  • Развиени истражувачки и аналитички способности;
  • Искуство во подготовка на анализи, истражувања,  прирачници; програми и слично.
  1. Временска рамка и надомест

За работниот ангажман предвидени се 10 работни дена во периодот на месец септември 2021 година, со надомест за секој ден од 100 евра во денарска противвредност ,односно вкупен бруто надомест од 1000 евра во денарска противвредност.

  1. Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават кратка биографија, со прилог примерок или активен линк од документите наведени во точка 4 од овој јавен повик во чија подготовка учествувал. Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: contact@myla.org.mk со назнака – Апликација за експерт за потреби на граѓански организации.

Рокот за аплицирање е заклучно со 10.09.2021 година.

Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување.

Контакт лице: Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ, e-mail: jarangelovik@myla.org.mk

Повикот можете да го преземете на следниот линк: Оглас за експерт за потреби на ГО