Јавен повик за експертска позиција за подготовка на анализа за родовите аспекти на акцијата за климатски промени

 

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите од спроведување на проектот „Граѓански организации во акција за климата“ поддржан од the Swedish International Development Cooperation Agency, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје и Македонското здружение на млади правници, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За (1) експертска позиција за подготовка на анализа за родовите аспекти на акцијата за климатски промени

  1. Цели на проектот

Општата цел на проектот е зајакнување на улогата на граѓанското општество во процесот на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, за создавање на чиста животна средина, поттикнување на зелената економија и подобрување на здравјето на граѓаните во државата.

Една од посебните цели на проектот е поттикнување на  учество на граѓанските организации во носење на одлуките поврзани со климата, како и преку подобрување на капацитетите, знаењата и вештините, пружање поддршка на граѓанските организации за преземање на активности на локално ниво.

Другата посебна цел е подигање на јавната свест за можностите на постоење на зелени економии со ниско ниво емисии на јаглен, како и притисок на јавноста врз институциите со цел развој на политики и програми во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација.

  1. Опис на активноста предмет на овој повик

Ангажманот во овој повик е предвиден заради подготовка на анализа за родовите аспекти на акцијата за климатски промени.

  1. Опис и работни задачи

Заради исполнување на ангажманот предмет на повикот, експертот треба да ги изврши следните работни задачи:

  • Да подготви методологија за спроведување на истражувањето на родовите аспекти
  • Да ги идентификува родовите аспекти на климатските промени во државата;
  • Да оствари средби со релевантни чинители (државни институции, НВО, месни заедници и други), за идентификување на предизвиците со кои жените се соочуваат;
  • Да подготви анализа и препораки врз основа на кои ќе се создадат услови за вклучување на жените во активностите за климатски промени
  1. Потребни квалификации

Експертот треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Високо образование од областа на општествените науки;
  • Најмалку 2 (две) години работа на родови прашања;
  • Развиени истражувачки и аналитички способности;
  • Искуство во подготовка на анализи, истражувања, прирачници; програми и слично.
  1. Временска рамка и надомест

За работниот ангажман предвидени 20 работни дена во периодот на месец септември 2021 година, со надомест за секој ден од 150 евра во денарска противвредност, односно вкупен бруто надомест од 3000 евра во денарска противвредност.

  1. Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават кратка биографија, со прилог примерок или активен линк од документите наведени во точка 4 од овој јавен повик во чија подготовка учествувал. Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: contact@myla.org.mk, со назнака – Апликација за експерт за анализа за родови аспекти.

 

Рокот за аплицирање е заклучно со понеделник 20.09.2021 година.

Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување.

Контакт лице: Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ, e-mail: jarangelovik@myla.org.mk

 

Преземете го повикот на следниот линк: Оглас за експерт за родови прашања