Студии на случај на загрозување на животната средина, загадувањето на водните ресурси и ефективноста на инспекцискиот надзор

Македонското здружение за млади правници (МЗМП) во рамките на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“ која ја спроведува Институтот за комуникациски студии, изработи четири студии на случај кои во кои се анализираат конкретни случаи на загрозување на животната средина, загадувањето на водните ресурси, како и ефективноста на инспекцискиот надзор во овие случаи.

Во студиите на случај се прикажува и анализира начинот на постапување на надлежните државни органи во четири случаи: случајот на излевање шествалентен хром од поранешниот металуршки комбинат „Југохром“ во Јегуновце, случајот на загадувањето на реката Брегалница, случајот на излевање на мазут од фабриката „Благој Ѓорев“ во реката Вардар, како и во  случајот за намалувањето на водостојот на Преспанско Eзеро

Анализите на овие случаи ќе придонесат да се утврдат недостатоците во надзорот врз заштитата на животната средина и ќе посочи дали постојат и кои се конкретните системски недостатоци во државниот апарат.

Студиите на случај можете да ги преземете на линковите подолу: