Правни советувања и едукација за штитениците на КПД Тетово

Врз основа на меморандум за соработка склучен помеѓу Македонското здружение на млади правници, Хелшинскиот комитет за човекови права и Управата за извршување на санкции, како и врз основа на одобрен план за он-лајн советување од страна на УИС, МЗМП обезбедува правно советување за различни теми во склоп на Законот за извршување на санкции за штитениците од Воспитно- поправниот дом- Тетово.
Досегашните советувањата со децата во ВПД-Тетово кои се одржуваа еднаш месечно на платформата ЗООМ, опфатија теми како: видови на воспитни мерки и нивните цели; правата и обврските кои ги имаат децата согласно Законот за извршување на санкции; остварувањето на Правото на образование и стручно оспособување на децата во ВП домoви; начинот на организирање на образовниот процес, како и условите под кои децата можат да го користат правото на користење на одмор. 
По информативните презентации проследени со дискусија на секое дете му беше овозможено на само да разговара со преставниците на МЗМП.
Дополнително, МЗМП во соработка со ВПД Тетово, прават напори за запишување на дел од штитениците во високообразовни институции, при што ќе им се обезбеди и ментор кој ќе работи со нив.
Овие активности се дел од проектот „Елиминација на мачењето и нечовечкото постапување во затворите и установите за лишување од слобода”, поддржан од Европската Унија.