Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Клучни наоди и препораки на Комитетот против тортура од извештајот за петтата периодична посета во РСМ

Европскиот Комитет за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување (КПТ) го објави извештајот за петтата периодична посета во државата спроведена во периодот од 2 до 12 декември 2019 година заедно со одговорот на државата.

Во извештајот на Комитетот се нотирани сите оние недостатоци кои се провлекуваат од претходниот период, за кои Комитетот загрижено нагласува дека сепак државата вложила многу малку напори за да ги реши. Ова особено се однесува на долгогодишните структурни недостатоци со кои се соочува затворскиот систем. Дополнително, Комитетот критички се осврнува на наодите за физичко малтретирање на лица лишени од слобода од страна на полициски службеници за што нагласува дека и покрај нотираниот напредок во 2010 и 2014 година, ваквото насилство е се уште присутно.

КПТ истакнува дека со соопштенија од 28 февруари, 2 март, 25 март, 2 април, 30 април и 15 јуни 2020 година, надлежните институции на РСМ дале информации за преземените активности во врска со препораките и комeнтарите од посетите. Сепак, Комитетот потенцира и дека е особено загрижен што досега не се добиени никакви информации од Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика во врска со непосредните забелешки истакнати кон нив во извештајот.

Краток извештај со главните заклучоци и препораки од Комитетот во врска со повреди при лишувањето на лица од слобода како и недостатоците во затворскиот систем може да го најдете на линкот подолу.

Клучни наоди и препораки на КПТ од извештајот за петтата периодична посета во РСМ

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.