Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Повик за поднесување на проекти за доделување на национални грантови

ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИ ГРАНТОВИ

кои се однесуваат на спречување на криумчарење на мигранти и/или заштита на криумчарени мигранти

Безбедност на човекот и границите – Борба против криумчарење со мигранти во Западен Балкан 

 

Македонско здружение на млади правници

Донбас 14/1/6

Скопје, Северна Македонија

Phone: +389 2 3220 870

E-mail: contact@myla.org.mk

 

 

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

Западен Балкан (ЗБ) сè уште е транзитна рута за нерегуларните мигранти кои се обидуваат да стигнат до Западна Европа од Турција. И покрај значителното намалување на бројот на нерегуларни мигранти кои пристигнуваат на надворешните граници на ЕУ од миграциската криза во 2015 година, притисокот врз Западен Балкан останува голем, а воедно зголемено е криумчарењето и побарувачката за услуги за премин на границите[1]. На пример, во првите десет месеци од 2020 година, на рутата на Западен Балкан се забележува за 122% поголем проток на луѓе во споредба со истиот период во 2019 година, што укажува на тренд на постојано движење во регионот и пошироко[2]. Властите во некои земји во регионот спроведуваат мерки како што се зајакнување на граничните контроли, кои имаа влијание на мигрантската рута и го отежнува движењето низ регионот. Воедно, овие мерки првенствено ги забавуваат или пренасочуваат миграциските движења наместо да ги спречат или обесхрабрат. Нерегуларните мигранти обично се обидуваат да ја преминат границата неколку пати и многумина на крајот успеваат. Друг несакан ефект на овие мерки е тоа што тие ја зголемуваат побарувачката за прекугранични услуги[3]. Во контекст на ЗБ, како активна транзитна област, подолго задржување на мигрантите (особено оние со нерегулиран статус), отежнат премин на границите и зголемување на цените на криумчарење, несомнено претставуваат околности што ги зголемуваат факторите на ризик и изложеноста на мигрантите на разни форми на злоупотреба , насилство или експлоатација, особено најранливите (жени, деца, малолетни лица без придружба). Иако смртните случаи по западнобалканската рута се релативно ретки, тие сепак се случуваат. Криумчарењето мигранти е постојано една од главните теми на годишните извештаи на ЕУ за земјите на СБ.

Бројот на мигранти кои нелегално влегле (или биле спречени на влез) во Северна Македонија  во 2020 година беше 32.100[4], но само 211[5] лица поднеле барање за признавање на правно на азил, што претставува намалување на барањата за азил во споредба со 2019 година ( 490 лица поднеле барање). Во истиот период не се регистрирани намери за поднесување на барање за азил. Супсидијарна заштита е доделена на само на 1 лице додека статус на бегалец не е доделено на нитуе едно лице во 2020 година. Министерството за внатрешни работи на РСМ има поднесено 230 кривични пријави  против 269 странски државјани, најчесто заради фалсификување на исправи, непостапување според здравствени прописи за време на пандемија, загрозување на безбедност и др. Воедно МВР поднесе и 65 кривични пријави против 91 лице (81 државјани на РСМ и 10 странски државјани) за кривично дело криумчарење на мигранти што претставува зголемување на пријавите во споредба на минатата година[6].

 

ЦЕЛ НА ПОВИКОТ

Оваа акција е иницирана во рамките на проектот „ Безбедност на човекот и границите – Борба против криумчарење со мигранти во Западен Балкан“ осмислен како регионален одговор на 7 граѓански организации здружени во Балканскиот совет за бегалци и миграција (BRMC): Албански Хелсиншки комитет ( AHC), Белградски центар за човекови права (BCHR), Граѓанска алијанса од Црна Гора (GAMN), Програма за граѓански права Косово * (CRP/K), Група 484, Македонско здружение на млади правници (МЗМП) и Ваша права Босна и Херцеговина (VP BiH), како и Данскиот совет за бегалци (ДРК) за заедничкиот горчлив проблем долж миграциската рута на Западен Балкан – криумчарење мигранти. Проектот е финансиран од Европската унија во рамките на Програмата за граѓанско општество и медиуми 2018-2019 под приоритетот „Зголемување на учеството на ГО во заштитно-чувствителниот систем на управување со миграцијата“.

 

  1. Цел (Погледнете во Упатства за апликантите Дел 2)

Главната цел е да се придонесе во процесот на приближување кон ЕУ преку воспоставување заштитно чувствителен систем за управување со миграцијата во ЗБ со добра рамнотежа помеѓу безбедноста и заштитата на границите на земјите и почитување на основните човекови права и слободи на мигрантите.

 

Три специфични цели:

(а) поддршка на ГО во спроведување активности за спречување на криумчарење мигранти;

(б) поддршка на ГО во обезбедувањето ефективни услуги за заштита на криумчарените мигранти;

(в) поддршка на ГО во вклучување на активности за застапување за правата на мигрантите.

 

  1. Целна група (Погледнете во упатства за апликантите Дел 2)

 

  1. Мигрантите, особено криумчарените мигранти;
  2. Ранливи групи на мигранти (пр. жени, деца, лица со посебни потреби, стари лица, непридружувани малолетници и разделени деца мигранти, жртви на тортура, идр)
  3. Државни и локални институции;
  4. Медиуми;
  5. Локана заедница и општини

 

  1. Опсег на активности

 

Апликантите се поканети да предложат активности кои ги оценуваат како релевантни за целите на Повикот

Примери на активности (Погледнете во Упатства за апликантите Дел 4 – Видови активности):

  • активности што имаат за цел да обезбедат конкретни јавни услуги кои одговараат на потребите на криумчарените мигранти, вклучувајќи правна помош, психо-социјална поддршка, здравствена заштита и сл.;
  • активности насочени кон адресирање на родовите прашања во контексти на миграцијата;
  • медиумски кампањи, изработка на вести и релевантни алатки за информации (флаери и сл.);
  • активности со кои се зајакнува надзорната улога на ГО во спроведувањето на релевантните политики и реформи;
  • следење на политиките и објавување на релевантни мониторинг извештаи;
  • истражување и анализа на релевантни медиумски содржини;
  • активности кои промовираат имплементација на релевантни закони и регулативи;
  • активности што поддржуваат дискусија помеѓу различни засегнати страни и / или консултации со засегнатите страни, вклучително и воспоставување дијалог со политички партии или локални законодавни тела;
  • активности што промовираат соработка и размена помеѓу различните локални заедници и локалната самоуправа во врска со заштитата на мигрантите;
  • други активности кои го подобруваат заштитно-чувствителниот систем на управување со миграции

Правила за повикот за поднесување на проекти (Погледнете во Упатства за апликантите Дел 4)

Прифатливост на апликантите

За да биде подобен за грант, апликантот мора да биде:

  • правно лице регистрирано пред 1 Март 2019;
  • основано во Северна Македонија
  • непрофитна;
  • Граѓанска организација;
  • Директно одговорен за подготовка и управување со проектот

 

Географска покриеност. Предложените активности мора да се одвиваат во територијата на Република Северна Македонија

Времетраење на предложените активности. Апликантот треба да предвиди сите активности на проектот да бидат завршени за шест (6) месеци од датумот на склучување договор.

Број на грантови. Ќе бидат подржани до четири национални проекти. Секоја организација може да поднесе само една апликација

Износ на грантот. За секој проект од 3.500,00 EУР до 5,000.00 EУР.

 

ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА (Погледнете во Упатства за апликантите Дел 5.)

Инфо сесија за постапката на избор во врска со спроведувањето, финансискиот мониторинг на проектот и известувањето ќе се организира онлајн на 10.05.2021 година. Сите заинтересирани страни можат да се пријават за учество на Инфо сесијата до 07.05.2021 година.

 

ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈА (Погледнете во Упатства за апликантите Дел 5.)

Апликацијата мора да се достави на дадените обрасци за пријава, на англиски јазик или македонски јазик, и мора да биде целосно пополнета согласно дадените упатства во Упатството за апликантите.

 

РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈА: 31 Мај 2021

КонтактПредлозите на проекти, пријавите за инфо сесија, како и другите прашања и барања за појаснување треба да бидат испратени на е-пошта: contact@myla.org.mk

 

[1] ФРОНТЕКС, “Анализа на ризици за 2020,” ФРОНТЕКС, 2020, https://frontex.europa.eu/publications/frontex-releases-risk-analysis-for-2020-vp0TZ7. (пристапено на 4 Февруари 2021).

[2] EPRS, Европски Парламент Разбирање на акцијата на ЕУ против криумчарење на мигранти, Јануари 2021, PE 659.450, ЕУ: EPRS.

[3] ЕУПОЛ, ФРОНТЕКС, & ЕАСО, Справување со криумчарењето на мигранти во ЗБ, Јануари 2020.

[4] Годишен извештај на МВР за 2020 година, достапен на: https://mvr.gov.mk/Upload/Editor_Upload/Godisen%20izvestaj/%D0%93%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%B5%D0%BD%20%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%98%202020%20kopi.pdf ,.

[5] ИБИД, стр 81

[6] ИБИД, стр. 88.

 

🇲🇰Потребните документи на македонски јазик преземете ги подолу:

Повик за предлози_МКД

Упатства за апликанти_MKD

Анекс А – Образец за пријава __МКД

Анекс Б_Образец за буџет_МКД

Annex C_FIF

 

🇬🇧Потребните документи на англиски јазик преземете ги подолу:

Call_for_Proposals_ENG

Gudlines for Applicants_ENG

Aneks B_Budget template_ENG

Annex A – Application Form __ENG

Annex C_FIF

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.