Работилници со Македонскиот полициски синдикат- Секција на жени

На 8-ми и 15-ти март 2021 година, Македонското здружение на млади правници во соработка со Македонскиот полициски синдикат – Секција на жени, одржа работилница насловена “Правна заштита од дискриминација и права од работен однос”. Учесничките имаа можност подробно да се запознаат со концептот на дискриминација, препознавање на дискриминацијата, законската уреденост, механизмите за заштита, како и за правата и обврските од работен однос. Во наредните месеци ќе се одржат уште 4 работилници, и тоа во Гостивар, Кавадарци, Велес и Гевгелија.
Соработката на МЗМП и Македонскиот полициски синдикат започна во 2015 година и до денес успешно се реализира со организирање на обуки кои имаат за цел зголемување на сензитивноста меѓу полициските службеници за прашањата кои се однесуваат на еднаквоста како основно право.