ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје објавува јавен повик за учество во Програма за практикантска работа на млади правници. Програмата има за цел континуирана едукација на младите правници и зајакнување на нивните капацитети.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО:

  • Завршени три години правни студии (стекнати 180 кредити);
  • Интерес во областа на заштита на човековите права;
  • Основно познавање на англиски јазик.

Од практикантите се бара подготвеност да се обврзат на учество во текот на целокупното траeње на практикантската работа во циклусот од три месеци – април, мај и јуни 2021 година.

Во периодот од месец април, мај и јуни 2021 година, Програмата ќе ги опфати следните градови: Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Куманово, Велес и Тетово.

За учесниците на програмата е предвиден фиксен месечен надоместок.

МЗМП ги повикува сите заинтересирани млади правници (вклучувајќи ги и студентите на постдипломски студии по право) да испратат свое резиме/CV и да испратат пополнет формулар (во прилог), на електронската адреса amarkovska@myla.org.mk или на ул. Донбас бр.14 1/6, 1000 Скопје, најдоцна до 24.03.2021 година.

Програмата се спроведува во соработка со судовите во Република Северна Македонија, Народниот правобранител, граѓански организации  и адвокатски канцеларии. Предвидено е секој учесник да помине три месеци практикантска работа во една институција (изборот на институцијата го определува Комисија за избор на практиканти формирана од Управен одбор на МЗМП).

Дополнително, покрај практикантската работа учесниците задолжително посетуваат една дводневна обукa на следните теми:

  1. практични правни вештини и основни етички вредности на правната професија
  2. вештини за барање на работа во правната професија и
  3. сензибилизација

 

МЗМП е невладина организација, формирана со цел зајакнување на придонесот на младите правници во унапредување на правничката професија, заштита на човековите права и слободи и унапредување на принципот на владеење на правото во Република Северна Македонија преку учество и работа на конкретни проекти. Во своето работење МЗМП става посебен фокус на континуирана едукација на младите правници.

Сите избрани кандидати кои што ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.

НАПОМЕНА

МЗМП  заедно со институциите, адвокатските канцеларии и граѓанските организации во кои ќе се спроведува практикантската работа во целост ќе се придржуваат и ќе ги почитуваат сите мерки и препораки дадени од страна на Владата на РСМ со цел заштита и превенција од ширење на КОВИД 19 вирусот. Исто така, сите избрани кандидати ќе имаат обврска да ги почитуваат мерките и препораките дадени од Владата на РСМ, како и интерните правила и упатствата од институцијата каде што ја спроведуваат практичната работа.

Здружението континуирано и внимателно ја следи состојбата со КОВИД 19. Доколку има потреба од прекин или одложување на Програмата за практикантска работа како резултат на дополнителни мерки и препораки донесени од страна на Владата на РСМ, кандидатите навремено ќе бидат известени за начинот на спроведување на тековните активности.

Јавното здравје е наша заедничка одговорност и секој од нас може да придонесе за спречување на ширење на вирусот со одговорно почитување на сите мерки и препораки.  

Јавниот повик може да го преземете на: Јавен повик за учество во Програма за практикантска работа април- јуни 2021 година

Формуларот за пријавување може да го преземете на: ФОРМУЛАР-ЗА-ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Thirrja publike në gjuhën shqipe: Thirrje publike për punë praktike- prill-qershor 2021

Formulari për aplikim në gjuhën shqipe: FORMULAR PËR APLIKIM