Јавен повик за учество на работилница за родово сензитивно известување и улогата на новинарот во сузбивањето на насилството врз жените

Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Creating Cultures of Gender Balance” поддржан од UNWomen во Скопје, објавува јавен повик за учество во еднодневна Работилница за сензитивно известување и улогата на новинарот во сузбивањето на насилството врз жените.

Работилницата е наменета за новинар(к)и и лица кои креираат и објавуваат статии и други содржини на локални медиуми. За време на работилницата, учесниците ќе се стекнат со знаења за клучните концепти на родовите студии, ќе формираат насоки за етичко и професионално информирање за родот и родово базираното насилство, и ќе можат преку вежби практично да го применат стекнатото знаење.

По завршувањето на работилницата, постои можност за ангажман за креирање на содржини, за бруто паричен надомест од 12.000,00 денари по лице.

Ќе бидат спроведени вкупно две еднодневни работилници, на 11ти и на 12ти јануари, со почеток од 10:00 -13:30 часот, на платформата ЗУМ.  

Сите заинтересирани лица да го пријават своето учество на matanasova@myla.org.mk најдоцна до недела, 10.01.2021 година.

Вашата пријава треба да го содржи вашето име и презиме, контакт податоци (е-маил и телефон) и локален медиум за кој пишувате,односно креирате содржини (веб страница, блог, влог, подкаст и слично), како и избор на термин (11.01 или 12.01).

Огласот е отворен за сите новинар(к)и и лица кои креираат и објавуваат статии и други содржини на локални медиуми, со особен акцент на: Штип, Куманово, Скопје, Тетово и Кичево. Особено ги охрабруваме лицата до 35 годишна возраст да се пријават на огласот, иако не постои ограничување во возраста.