ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ- Офицер/ка за застапување (Advocacy officer)

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) Скопје, објавува оглас за вработување, за една работна позиција „Офицер/ка за застапување” (Advocacy officer) во времетраење од 12 месеци со можност за продолжување почнувајќи од јануари 2021 година.

Работната позиција се огласува за потребите за спроведување на проектот “Advocacy for solutions, legal assistance and representation for UNHCR persons of concern” and “Advocacy and assistance towards ending statelessness” поддржан од канцеларијата на УНХЦР во Скопје, а кој е спроведуван од Македонското здружение на млади правници.

Главни цели на проектот сe:

  • Застапување за подобрување на системот за азил од аспект на квалитет на постапката за признавање на статус на бегалец, пристап до социјални и економски права и функционирање на системот за бесплатна правна помош;
  • Застапување за трајни и одржливи решенија за лицата во долготрајна бегалска ситуација
  • Намалување на без државјанството во Северна Македонија

Опис на работни задачи:

  • Развивање на план за застапување за трите клучни цели на проектот;
  • Подготовка на извештаи, брифови, препораки, реакции и соопштенија;
  • Градење и одржување на партнерство со клучните засегнати страни на национално нивo;
  • Воспоставување на соработка со новинари и медиуми и јавни настапи со цел остварување на целите на проектот;
  • Подготовка на содржини за веб страната на МЗМП;
  • Обезбедување навремено спроведување на планираните проектни активности;
  • Поддршка на работата на Проектниот менаџер и проектниот офицер.
  • Извршување на други задачи во согласност со потребите на организацијата.

 

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование од областа на општествените науки, политчки науки, право, меѓународни односи;
  • Магистратура и докторски студии ќе се сметаат за предност;
  • Одлични организациски способности;
  • Минимум 10 години работно искуство (од кои 5 години на слична позиција како наведената);
  • Напредни компјутерски вештини (МS Office: Word, Excel, PowerPoint);
  • Вештини за користење социјални медиуми за професионални цели;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик и високо развиени вештини за уредување и лекторирање на текстови на двата јазика
  • Запознаеност со политичкиот контекст во државата, особено во областите на делување на МЗМП. Искуство со застапување со различни чинители во процесите на донесување на одлуки ќе се смета за предност.
  • Способност за тимска работа;

 

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија и мотивациско писмо. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работното искуство. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: contact@myla.org.mk, најдоцна до 20.01.2021 година. При доставувањето на апликациите Ве замолуваме пораката да гласи: Апликација за позиција – Офицер за застапување (Advocacy officer).

Постапка за избор на кандидат:

Комисијата за избор на кандидат ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Со квалификуваните кандидати ќе биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат на кој ќе му биде понудена работната позиција.

 

Договор за вработување:

Со избраниот кандидат МЗМП ќе склучи договор за вработување на определено време во траење од 12 месеци. Договорот ќе содржи и т.н клаузула за пробна работа во траење од три месеци. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно. Правата и обврските од договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи.