Промовиран Годишниот извештај за ефикасноста на правната заштита на човековите права за 2020 година

На 25.12.2020 година,  Македонското здружение на млади правници го промовираше Годишниот извештај за ефикасноста на правната заштита на човековите права за 2020 година. Извештајот ги опишува повредите на човековите права документирани од тимот на МЗМП, а преку студии на случај и следење на постапувањето на надлежните органи анализира дали и колку се ефикасни механизмите за заштита на човековите права, нагласувајќи го и влијанието на КОВИД-19. Исто така, извештајот дава преглед на одлуките на ЕСЧП донесени во текот на 2020 година, кои се однесуваат на Република Северна Македонија.
На промотивниот настан се презентираше и анализата на владеењето на правото и човековите права во услови на вонредна состојба во Република Северна Македонија во 2020 година.
Преземете го извештајот на: https://bit.ly/3aHH9Wv
Преземете ја публикацијата „Владеењето на правото и човековите права во услови на вонредна состојба 2020″ на: https://bit.ly/34HTJRP