“Истакнат правник – чекори до успех”- настан за мотивирање на младите правници

 

Македонското здружение на млади правници последниве три години по ред организира настан насловен “Истакнат правник – чекори до успех” осмислен да ги мотивира и поттикне младите правници во градењето на кариерата и квалитетите кои треба да ги поседува еден успешен правник.
На овогодинешниот настан кој се одржа на онлајн платформата Зум, четириесет и осум млади правници со задоволство ги слушаа говорниците на овогодинешниот настан- Г-ѓа Гзиме Старова, професор на правниот факултет “Јустинијан Први”, поранешен Судија на Уставниот суд на РСМ и поранешен член на Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РСМ и Г-дин Љубомир Михајловски, претседател на Управниот одбор на Адвокатска комора на РСМ, адвокат и поранешен Министер за внатрешни работи.

Мотивацискиот настан се организира во рамки на проектот “Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија” поддржан од Embassy of the Netherlands in North Macedonia.