Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА (јануари – март 2021)

Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството ХоландијавоСкопје објавува јавен повик за учество во Програма за практикантска работа на млади правници. Програмата има за цел континуирана едукација на младите правници и зајакнување на нивните капацитети.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО:

  • Завршени три години правни студии (стекнати 180 кредити);
  • Интерес во областа на заштита на човековите права;
  • Основно познавање на англиски јазик.

Од практикантите се бара подготвеност да се обврзат на учество во текот на целокупното траeње на практикантската работа во циклусот од три месеци јануари, февруари и март 2021 година.

Во наведениот период, Програмата ќе ги опфати следните градови: Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Куманово и Тетово.

За учесниците на Програмата е предвиден фиксен месечен надоместок.

МЗМП ги повикува сите заинтересирани млади правници (вклучувајќи ги и студентите на постдипломски студии по право) да испрататсвое резиме/CV и да испратат пополнет формулар (во прилог), на електронската адреса amarkovska@myla.org.mkили на ул. Донбас бр.14 1/6, 1000 Скопје, најдоцна до 22.12.2020 година.

Програмата се спроведува во соработка со судовите во Република Северна Македонија, Народниот правобранител, граѓански организации  и адвокатски канцеларии. Предвидено е секој учесник да помине три месеци практикантска работа во една институција (изборот на институцијата го определува Комисија за избор на практиканти формирана од Управен одбор на МЗМП).

Дополнително, покрај практикантската работа учесниците задолжително посетуваат една дводневна обукa на следните теми:

  1. практични правни вештини и основни етички вредности на правната професија
  2. вештини за барање на работа во правната професија и
  3. сензибилизација

МЗМП е невладина организација, формирана со цел зајакнување на придонесот на младите правници во унапредување на правничката професија, заштита на човековите права и слободи и унапредување на принципот на владеење на правото во Република Северна Македонија преку учество и работа на конкретни проекти. Во своето работење МЗМП става посебен фокус на континуирана едукација на младите правници.

Сите избрани кандидати кои што ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.

Формуларот за пријавување може да го преземете на: ФОРМУЛАР-ЗА-ПРИЈАВУВАЊЕ-1

НАПОМЕНА

МЗМП  заедно со институциите, адвокатските канцеларии и граѓанските организации во кои ќе се спроведува практикантската работа во целост ќе се придржуваат и ќе ги почитуваат сите мерки и препораки дадени од страна на Владата на РСМ со цел заштита и превенција од ширење на КОВИД 19 вирусот. Исто така, сите избрани кандидати ќе имаат обврска да ги почитуваат мерките и препораките дадени од Владата на РСМ, како и интерните правила и упатствата од институцијата каде што ја спроведуваат практичната работа.

Здружението континуирано и внимателно ја следи состојбата со КОВИД 19. Доколку има потреба од прекин или одложување на Програмата за практикантска работа како резултат на дополнителни мерки и препораки донесени од страна на Владата на РСМ, кандидатите навремено ќе бидат известени за начинот на спроведување на тековните активности.

Јавното здравје е наша заедничка одговорност и секој од нас може да придонесе за спречување на ширење на вирусот со одговорно почитување на сите мерки и препораки.  

 

 

 

 

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.