ЈАВЕН ПОВИК за 2 (две) експертски позиции за изработка на тренинг курикулум и спроведување на обука за потребите на проектот ,,Елиминација на мачењето и нечовечкото постапување во затворите и установите за лишување од слобода”

ЈАВЕН ПОВИК

за 2 (две) експертски позиции за изработка на тренинг курикулум и спроведување на обука

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите од спроведување на проектот ,,Елиминација на мачењето и нечовечкото постапување во затворите и установите за лишување од слобода” финансиран од Европската Унија во рамки на програмата EuropeAID/163963/DD/ACT/MK согласно Договорот за грант потпишан меѓу МЗМП и ЕУ бр. NEAR-TS/2019/411-576 објавува јавен повик за две експертски позиции за изработка на тренинг курикулум и спроведување на обука.

Опис и цели на проектот

Општата цел на овој проект е да придонесе кон елиминација на тортурата и нечовечкото или понижувачко постапување во казнено-поправните установи и други установи во кои лица се лишуваат од слобода. Притоа, специфичните цели кои проектот се стреми да ги оствари се следните: (1) Подигнување на свеста кај затворениците и лицата лишени од слобода за користење на правните механизми за пријавување и барање на одговорност од надлежните институции во случаи на тортура и нехуман третман (2) Воспоставување на поголема одговорност на казнено-поправните установи и установите во кои лица се лишуваат од слобода во однос на преземање на мерки за елиминацијата на тортурата и нечовечното постапување во установите во кои лица се лишуваат од слобода (3) Подобрување на механизмите за спроведување на внатрешен и надворешен надзор над работата на полицијата и затворската полиција.

Проектот, меѓу другото, вклучува активности за зајакнување на капацитетите на 15 адвокати кои ќе обезбедуваат правна помош на затвореници кои издржуваат казна затвор во некои од казнено-поправните установи во државата, деца со изречена заводска мерка упатување во воспитно-поправен дом и лица лишени од слобода на кои пристапот до адвокат и правна помош им е ограничен.

За ефикасно и ефективно подобрување на капацитетите на овие лица потребно е развивање на тренинг курикулум и спроведување на соодветна обука од страна на тим составен од:

 Два (2) експерти/ки во областа на кривичното право и постапка

  1. Опис и работни задачи за изработка на тренинг модул

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој Јавен повик, експертите ќе треба да ги спроведат следниве работни задачи:

 Подготовка на тренинг курикулум наменет за адвокати за развивање вештини за работа и обезбедување на правна помош на затвореници и други лица лишени од слобода;

 Идентификување и анализа на релевантна литература за подготовка на тренинг курикулумот;

 Преглед на постоечки тренинг курикулуми на релевантната тема;

 Дефинирање на методологија и временска рамка за подготовка на тренинг курикулумот;

 Изработка на документ во кој ќе бидат содржани следните елементи: опис на тренинг курикулумот, цели и резултати на обуката, методи на спроведување на обуката, теми и содржина, временска рамка како и тренинг материјали за спроведување на обуката;

 Спроведување на една обука за адвокати за развивање вештини за работа и обезбедување на правна помош на затвореници и други лица лишени од слобода;

  1. Потребни квалификации

 Завршено високо образование во областа на правото. Завршени постдипломски или докторски студии во областа на кривичното право ќе се сметаат за предност;

 Најмалку 7 години работно искуство во областа на кривичното право и постапкa. Pаботно искуство во областа на правна заштита од тортура и нехуман третман во казнено-поправните установи ќе се смета за предност.

 Искуство во изработка и подготовка на тренинг курикулуми, материјали и спроведување на обуки;

 Напредно познавање на англискиот јазик;

 Напредни истражувачки и аналитички способности;

  1. Временска рамка

Секој од експертите/ките кој ќе биде ангажиран ќе треба да ги спроведе работните задачи во периодот март/април. За секој работен ден предвиден е надомест од 100 евра во бруто износ кои ќе бидат исплатени во денарска противвредност.

  1. Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Овој повик е јавен.

Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на CV на следниот е-маил: contact@myla.org.mk со назнака за која позиција аплицира.

Во прилог на CV-то, кандидатот/ката треба задолжително да достави и примерок/активен линк од документите наведени во дел 3 од овој јавен повик во чија изработка учествувал/а.

Рокот за аплицирање е до 06.03.2020 година, 16:30 часот.

Пристигнатите биографии ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија основана од Управниот одбор на МЗМП. Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување на кандидатите.

ЛИНК ДО ЦЕЛОСНИОТ ПОВИК