Македонското здружение на млади правници (МЗМП) организира серија од работни средби со адвокати во повеќе градови низ државата на тема „Правната професија во служба на јавниот интерес“ во периодот од 20ти до 28ми февруари 2020. Цел на средбите е поттикнување на дискусија во однос на мерките со кои може да се придонесе кон поголемо вклучување на правната професија во активности за заштита на правата на сиромашните и маргинализирани лица, владеењето на правото и јавниот интерес. Работните средби се организираат со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ).
Адвокатурата како самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон е клучна гаранција за заштита на основните слободи и права. Како таква, потребна е да биде консултирана и вклучена при планирањето на активностите насочени кон заштита на човековите права и владеењето на правото. Поттикнати од ова, МЗМП како организација која е посветена на зголемување на влијанието на правната професија во заштитата на човековите права со поддршка од Адвокатската комора на РСМ организира серија од работни средби со адвокати од локалните адвокатски заедници.
Како области во кои е можен придонес од правната професија можат да се истакнат: пристапот до правда за најсиромашните, заштитата на човековите права (дискриминација, мачење и нечовечко постапување итн.), оспорување на уставноста и законитоста на одредени прописи, како и се почесто активности насочени кон правна заштита на животната средина. Како средства преку кои може да се зголеми вклучувањето на правната професија во служба на јавниот интерес се соработка со граѓански организации, поддршка на локални иницијативи, про боно, правен активизам итн.
Работните средби се од отворен карактер за сите адвокати. Распоредот на средбите со место, време и лице за контакт е даден во прилог на оваа информација. Учеството на средбите потребно е да се најави на лицето наведено во распоредот.
Град | Датум и час | Локација | Лице за контакт |
Битола | 20.2.2020 (четврток)
10:00 – 11:30 |
Хотел Милениум | Елена Георгиевска
070/376-176 |
Прилеп | 20.2.2020 (четврток)
14:00 – 15:30 |
Хотел Атлас | Елена Георгиевска
070/376-176 |
Кавадарци | 21.2.2020 (петок)
10:00 – 11:30 |
Ресторан Сино | Гоце Коцевски
078/252-942 |
Велес | 21.2.2020 (петок)
14:00 – 15:30 |
Хотел Интернационал | Гоце Коцевски
078/252-942 |
Охрид | 21.2.2020 (петок)
10:00 – 11:30 |
Хотел Скај Корнер | Елена Георгиевска
070/376-176 |
Струга | 21.2.2020 (петок)
13:30 – 15:00 |
Хотел Солферино | Елена Георгиевска
070/376-176 |
Тетово
|
24.02.2020
10:00 – 11:30 |
Хотел Меркур | Бојан Трпевски
074/601-004 |
Гостивар | 24.02.2020
14:00 – 15:30
|
Ресторан Европа | Бојан Трпевски
074/601-004 |
Скопје | 27.02.2020
10:00 – 11:30 |
Јавна соба | Бојан Трпевски
074/601-004 |
Куманово
|
27.02.2020
13:30 – 15:00 |
Ресторан Рим – Париз | Бојан Трпевски
074/601-004 |
Штип | 28.2.2020 (петок)
10:00 – 11:30 |
Универзитетски ресторан | Гоце Коцевски
078/252-942 |
Струмица | 28.2.2020 (петок)
14:00 – 15:30 |
Хотел Вила Парк | Гоце Коцевски
078/252-942 |
Линк-> Информации за работните средби