Собранието го избра Македонското здружение на млади правници од редот на здруженијата во механизмот за граѓанска контрола
Врз основа на членот 11-д од Законот за народниот правобранител („Службен весник на Република Македонија” број 60/2003, 114/2009, 181/16, 189/16 и 35/18), Собранието на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 23 декември 2019 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ИЗБОР НА ЗДРУЖЕНИЈА ОД ОБЛАСТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА, ПОЛИЦИСКОТО ПРАВО И ПРАВОСУДСТВОТО ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ – МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКА КОНТРОЛА
I. Собранието на Република Северна Македонија во составот на Народниот правобранител – механизам за граѓанска контрола ги избира следниве здруженија:
– Здружение за кривично право и криминологија на Македонија,
– Македонско здружение за млади правници и
– Хелсиншкиот комитет за човекови права.
II. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Бр. 08 – 6985/1
23 декември 2019 година
Претседател на Собранието на Република Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.