доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2018 година во Република Македонија

Македонското здружение на млади правници информира дека добитници на награди на „Јавниот повик за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2018 година во Република Македонија се:

 

Во категоријата напис или серија написи:

 

Награда: Јасмина Јакимова за написот ,,Репортажа од центарот за баратели на азил во Визбегово:Ретки се тие што остануваат во Македонија „ медиум на објавување: Радио МОФ

 

– Во категоријата емисија, прилог или краток документарец:

 

Награда: Катерина Топалова за видео прилог ,,Мигрантска голгота „ медиум на објавување: МТВ1

 

Голема благодарност до сите новинари кои аплицираа на објавениот повик и ве охрабруваме да продолжите со својата успешна работа.